Супекуп на УЕФА (исто така наречен Суперкуп на Европа) е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа. Натпреварот се одржува при почетокот на натпреварувачката сезона, во август, најчесто во петок.
Од 1972 до 1999, Суперкупот на УЕФА се играл помеѓу победникот во Купот на шампиони/УЕФА Лига на шампионите и победникот во Купот на победниците на куповите. По укинувањето на Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА се игра помеѓу победникот во УЕФА Лигата на шампионите и победникот во Купот н УЕФА, кој подоцна бил преименуван во УЕФА Лига Европа во 2009.
Моментален шампион е шпанскиот клуб Реал Мадрид кој ја победил Аталанта со 2–0 во Суперкупот на УЕФА 2024. Со ова, кралевите станале најуспешниот клуб во натпреварувањето, оставајќи зад себе Барселона и Милан со по пет титули.
Историја Суперкупот на Европа бил создаден во 1971 од Антон Виткамп, новинар а потоа и спортски директор на холандскиот весник De Telegraaf. Идејата му дошла во времето кога холандскиот фудбал бил најдобар во Европа и кога холандските клубови ги живееле нивните златни ери (особено Ајакс). Виткамп бил во потрага по нешто ново за конечно да се реши кој е најдобар клуб во Европа и исто така да го тестира тимот на Ајакс, предводен од суперѕвездата Јохан Кројф. Потоа било предложено победникот од Купот на шампиони да се соочи со победникот од Купот на победниците на куповите.
Се било подготвено за создавање на ново натпреварување. Сепак, кога Виткамп се обидел да добие официјална поддршка за натпреварувањето, претседателот на УЕФА го одбил предлогот.
Финалето на Суперкупот 1972 помеѓу холандскиот тим Ајакс и шкотскиот Глазгов Ренџерс се смета за неофицијално од страна на УЕФА, откако Глазгов Ренџерс бил казнет од европските натпреварувања поради неспортското однесување на навивачите на Ренџерс за време на финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1972. Како резултат на тоа, УЕФА одбила да го признае натпреварувањето до следната сезона. Финалето се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен и било финансиски поддржано од страна на холандскиот весник De Telegraaf. Ајакс го поразил Ренџерс со вкупен резултат од 6–3 и го освоил првиот (иако неофицијален) Суперкуп на Европа.
Финалето на Суперкупот 1973, во кое Ајакс го поразил Милан со вкупен резултат од 6–1, било официјално признаено и поддржано од УЕФА.
Иако форматот од два натпревари бил задржан сè до 1997, Суперкупот се одиграл во еден натпревар поради проблеми со распоредот или политички проблеми во 1984, 1986, и 1991. Во 1974, 1981 и 1985, Суперкупот воопшто не се одиграл.
Во сезоната 1992-93, Купот на шампионите бил преименуван во Лига на шампиони, а победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците од Купот на победниците на куповите во Суперкупот на УЕФА.
Во сезоната 1994–95, Купот на победниците на куповите бил преименуван во УЕФА Куп на победниците на куповите.
По сезоната 1998–99, Купот на победниците на куповите бил укинат од страна на УЕФА. Лацио, последниот победник на ова натпреварување во сезоната 1998–1999, го победил Манчестер Јунајтед, победникот во сезоната 1998-1999 од Лигата на шампионите со 1–0 и со тоа станал последниот победник на КПК кој го освоил Суперкупот на УЕФА.
Од тогаш, Суперкупот на УЕФА се одржува помеѓу победниците во Лигата на Шампионите и победниците во Купот на УЕФА. Во првиот суперкуп помеѓу победниците на овие две натпреварувања, Галатасарај, победникот во Купот на УЕФА за сезоната 1999-2000, го поразил Реал Мадрид, победникот во Лигата на шампионите за истата сезона со 2–1.
Во сезоната 2009–2010, Купот на УЕФА бил преименуван во УЕФА Лига Европа и победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците на Лигата на шампионите во Суперкупот на УЕФА.
По петнаесет последователни Суперкупови на стадионот Луис Втори во Монако меѓу 1998 и 2012, од 2013 година Суперкупот на УЕФА ќе се одигрува на различни стадиони (слично како финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа). Суперкупот на УЕФА 2013 се одигра на Еден Арената во Прага, Чешка.Prague celebrates 2013 Super Cup honour
Место Натпреварувањето првично се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен, освен во посебни случаи; како на пример во 1991 кога на Црвена Ѕвезда не и било дозволено својот натпревар на домашен терен да го одигра во Југославија поради граѓанската војна која се случувала во тоа време. Меѓу 1998 и 2012, финалето се играло во еден натпревар, одигран на стадионот Луј Втори во Монако. Од 2013 па натака, различни стадиони ќе бидат домаќини на Супер Купот. Ова се наредните домаќини на УЕФА Супер Купот: 2013: Еден Арена, Прага, Чешка 2014: Стадион Кардиф Сити, Кардиф, Велс 2015: Стадион Михели Мешки, Тбилиси, Грузија 2016: Стадион Леркендал, Трондхајм, Норвешка 2017: Национална Арена Филип Втори, Скопје, Македонија 2018: А. Ле Кок Арена, Талин, ЕстонијаTallinn to stage 2018 UEFA Super Cup 2019: Водафон Арена, Истанбул, Турција 2020: Пушкаш Арена, Будимпешта, Унагрија 2021: Виндсор Парк, Белфаст, Северна Ирска 2022: Олимписки стадион, Хелсинки, Финска 2023: Стадион Караискакис, Атина, Грција 2024: Национален стадион, Варшава, Полска
Награди Трофеј
Оригиналниот трофеј од Суперкупот на УЕФА го задржува УЕФА. На победничкиот тим му се доделува копија од трофејот во иста големина. Триесет златни медали му се доделуваат на победничкиот тим и триесет сребрени медали на поразениот во финалето.
Во својата историја трофејот во Суперкупот на УЕФА претрпел неколку измени. Првиот трофеј кој бил презентиран на Ајакс во 1973 и 1974 бил екстремно голем; фактички, бил поголем од трофејот во Европскиот Куп. Овој трофеј бил заменет со плакета со златен УЕФА амблем. Следниот трофеј бил најмал и најсветол од сите останати трофеи, тежејќи 5 кг со обем од 42.5 см во висина. Новиот модел тежи 12.2 кг со обем од 58 см во висина.
Тимот кој ќе го освои Суперкупот на УЕФА трипати последователно или вкупно пет пати, добива оригинална копија од трофејот и посебен белег на препознавање. Само Барселона и Милан го постигнале овој успех досега, освојувајќи го купот вкупно пет пати, од кои сите пет пати како победник во Лигата на Шампионите.
Парични награди Финалист: €3,800,000 Победник: €5,000,000
Правила Моментално, правилата во Суперкупот на УЕФА се исти како и кај другите УЕФА клупски натпреварувања. Финалето се состои од еден натпревар кој се игра на неутрален стадион. Натпреварот се состои од две полувремиња од по 45 минути. Доколку резултатот е изедначен по крајот на 90-та минута, се играат две продолженија од по 15 минути. Доколку повторно победникот не е добиен по крајот на второто продолжение, изведувањето на пеналите го решаваат победникот на Суперкупот на УЕФА (до денес, само еден Суперкуп бил решен со изведување на пенали). Секој тим се состои од 18 играчи, од кои 11 го започуваат натпреварот. Од останатите 7 играчи, може во игра да влезат само 3 замени. Доколку некој клуб одбие да игра или нема право на настап, тогаш тој клуб е заменет со вториот финалист од натпреварувањето преку кое е квалификуван. Доколку теренот не е подготвен за игра поради лоши временски услови, натпреварот мора да биде одигран следниот ден.
Билети 60% од капацитетот на стадионот на Монако е резервиран за гостинските клубови. Стадионот исто така има и ВИП седишта. Останатите седишта се продаваат од страна на УЕФА преку интернет аукција При аукцијата секој апликант може да аплицира за билет неограничен број пати. За секоја испратена апликација се плаќа административен трошок од 5 евра.url=http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/Competitions/SuperCup_/83/96/59/839659_DOWNLOAD.pdf
Натпревари +КлучПобедник по продолженија, златен гол или изведување пеналиПобедник на Куп на шампиони / УЕФА Лига на шампиониПобедник на Европски / УЕФА Куп на победниците на куповитеПобедник на Куп на УЕФА / Лига Европа
Колоната "Година" се однесува на годината кога се одржал Суперкупот и линк до статијата за тој натпревар. Двомеч финалињата се наведени според редоследот како биле одиграни.
+Натпревари од Суперкупот на УЕФАГодинаДржаваПобедникРезултатФиналистДржаваСтадионГледачи1973 0–1 Сан Сиро, Милано 6–0 Олимписки стадион, Амстердам Ајакс победил со вкупен резултат 6–11974Не се одржало19751–0 Олимписки стадион, Минхен2–0 Олимписки стадион, Киев Динамо Киев победил со вкупен резултат 3–019761–2 Олимписки стадион, Минхен4–1 Парк Астрид, Андерлехт Андерлехт победил со вкупен резултат 5–319771–1 Фолкспаркштадион, Хамбург6–0 Енфилд, Ливерпул Ливерпул победил со вкупен резултат 7–119783–1 Парк Астрид, Андерлехт1–2 Енфилд, Ливерпул Андерлехт победил со вкупен резултат 4–31979 1–0 Сити Граунд, Нотингем 1–1 Камп Ноу, Барселона Нотингем Форест победил со вкупен резултат 2–119801–2 Сити Граунд, Нотингам1–0 Стадион Луис Касанова, Валенсија 2–2 вкупен резултат; Валенсија победила поради правилото за гол во гости1981Не се одржало1982 0–1 Камп Ноу, Барселона 3–0 Вила Парк, Бирмингем Астон Вила победила со вкупен резултат 3–1 19830–0 Фолкспаркштадион, Хамбург2–0 Питодри, Абердин Абердин победил со вкупен резултат 2–0 19842–0 Комунале, Торино1985Не се одржало19861–0 Луј Втори, Монако1987 1–0 Олимписки стадион, Амстердам 1–0 Дас Антас, Порто Порто победил со вкупен резултат 2–019883–0 Ахтер де Казерн, Мехелен0–1 Филипс, Ајндховен Мехелен победил со вкупен резултат 3–1 1989 1–1 Камп Ноу, Барселона 1–0 Сан Сиро, Милано Милан победил со вкупен резултат 2–11990 1–1 Лујџи Ферарис, Џенова 2–0 Стадион Ренато Дал'Ара, Болоња Милан победил со вкупен резултат 3–1 19911–0 Олд Трафорд, Манчестер1992 1–1 Везер, Бремен 2–1 Камп Ноу, Барселона Барселона победил со вкупен резултат 3–2 19930–1 Енио Тардини, Парма2–0 Сан Сиро, Милано Парма победила со вкупен резултат 2–119940–0 Хајбери, Лондон 2–0 Сан Сиро, Милано Милан победил со вкупен резултат 2–0 1995 1–1 Ла Ромареда, Сарагоса 4–0 Олимписки стадион, Амстердам Ајакс победил со вкупен резултат 5–11996 6–1 Паркот на принцовите, Париз 3–1 Ла Фаворита, Палермо Јувентус победил со вкупен резултат 9–2 19972–0 Камп Ноу, Барселона1–1 Вестфален, Дортмунд Барселона победила со вкупен резултат 3–1 19981–0 Луј Втори, Монако1999 1–0 Луј Втори, Монако20002–1 (зг) Луј Втори, Монако20013–2 Луј Втори, Монако2002 3–1 Луј Втори, Монако2003 1–0 Луј Втори, Монако20042–1 Луј Втори, Монако2005 3–1 Луј Втори, Монако20063–0 Луј Втори, Монако2007 3–1 Луј Втори, Монако20082–1 Луј Втори, Монако2009 1–0 Луј Втори, Монако20102–0 Луј Втори, Монако2011 2–0 Луј Втори, Монако20124–1 Луј Втори, Монако20132–2 Еден Арена, Прага20142–0 Стадион Кардиф Сити, Кардиф30,85420155–4 Динамо Арена, Тбилиси51,94020163–2 Стадион Леркендал, Трондхајм17,93920172–1 Арена Филип Втори, Скопје30,42120184–2 А. Ле Кок Арена, Талин12,4242019 2–2 Водафон Парк, Истанбул38,43420202–1 Пушкаш Арена, Будимпешта2021 1–1 Виндсор Парк, Белфаст10,43520222–0 Олимписки стадион, Хелсинки31,04220231–1 Караискакис, Атина29,207 20242-0 Национален стадион, Варшава56,04220252-2 Фриули, Удине21,025
Рекорди и статистика
Освојувачи и финалисти