Илнур Азатович Закарин (; р. ) — руски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Рана кариера

Во 2007 година, на 17 години, го освоил Европското јуниорско хронометарско првенство.

Допинг

Во јули 2009 година, руската велосипедска федерација објавила дека Закарин бил суспендиран на две години откако се покажал позитивен на анаболички стероид метандиенон.

Враќање

Се вратил по забраната во 2011 година, а во 2012 година потпишал договор со континенталната екипа Итера-Катјуша. Есента 2012 година возел како стажант за , но не бил избран од екипата и наместо тоа потпишал за професионалната континентална екипа РусВело, со која возел во 2013-2014.

мини|лево|Закарин на Тур де Франс 2016

Во септември 2014 година, објавил дека потпишале со Закарин двегодишен договор почнувајќи од 2015 година. Во април 2015 година завршил деветти на Трката околу Баскија. На почетокот на мај 2015, Закарин освоил престижна победа; генералниот пласман на Тур де Романди. Го остварил овој подвиг благодарение на добриот резултат во планините, завршувајќи втор на петтата етапа, и многу добар хронометар на завршната етапа, каде завршил седми и покрај што го сменил велосипедот на средина на патеката поради механички проблеми. Закарин го имал својот прв на настап на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2015, каде ја освоил единаесеттата етапа откако нападнал од бегство при силен дожд.

Во 2016 година, Закарин ја освоил шестата етапа на Париз-Ница пред Герајнт Томас () и Алберто Контадор (). На трката завршил на четвртото место. Закарин ја предводел Катјуша на Џиро д’Италија 2016. На деветнаесеттата етапа, додека бил пласиран петти, имал тежок пад на спустот, здобивајќи се со фрактури на неговата лева клучна коска и рамото и морал да се откаже. Закрепнал од неговите повреди и бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016. Закарин ја освоил седумнаесеттата етапа на трката откако дошол до Рафал Мајка () и Харлинсон Пантано () на подножјето на завршното искачување и нападнал на шест километри пред крајот за етапна победа.

На 10 јули 2017 година, Закарин го обновил неговиот договор со за две години. Закарин завршил на третото место на Вуелта а Еспања; последен пат Русин да биде на подиум било во 2007 година, кога Денис Мењшов ја освоил трката.Фрум выиграл «Вуэльту Испании», Закарин — на подиуме гонки Гранд-тура Закарин станал руски првак во поединечен хронометар во сезоната и ја завршил својата претставувајќи ја Русија на Светското првенство.

Ја освоил наградата „спортист на годината“ во 2017 година во Татарстан.

Ја започнал сезоната 2018 на Трка Абу Даби.

Личен живот

Закарин потекнува од Набережње Челни во областа Татарстан, Русија, но живее на Кипар. Оженет е со Викторија, нутриционистка. Првото дете на двојката, ќерката Кристина, се родила во 2016 година. Неговиот брат Ајдар Закарин е исто така велосипедист. Не е посветен муслиман, носи полумесечина, оди во џамија во текот на годината и слуша татарска музика за да го потсети на домот. Вљубеник е во книги.

Достигнувања

2011 10. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија 2012 1. ГП Донецк 1. Краен пласман ГП Адигеја 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 4 4. Краен пласман Тур Алзас 1. Етапа 5 (ITT) 8. Дуо Норманд 9. Краен пласман Џиробио 1. Етапа 5 1. 20п Бодовен пласман 10. Краен пласман ГП Сочи 2013 1. 20п Национално хронометарско првенство 3. Краен пласман ГП Адигеја 1. Етапа 1 (ITT) 5. Дуо Норманд 2014 1. Краен пласман ГП Сочи 1. Краен пласман ГП Адигеја 1. Етапа 1 (ITT) 1. Краен пласман Трка околу Азербејџан 2. Краен пласман Трка околу Словенија 3. ГП Бруно Бегели 2015 1. 20п Краен пласман Тур де Романди 1. Етапа 11 Џиро д’Италија 3. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка 4. Краен пласман Трка околу Полска 9. Краен пласман Трка околу Баскија 10. Краен пласман Тур де Сан Луис 2016 1. Етапа 17 Тур де Франс 3. Вуелта а Мурсија 4. Краен пласман Париз-Ница 1. Етапа 6 4. Краен пласман Тур де Романди 5. Лиеж-Бастон-Лиеж 7. Краен пласман Волта а Каталуња 7. Краен пласман Волта ао Алгарве 2017 1. 20п Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Трка Абу Даби 3. Краен пласман Вуелта а Еспања 5. Краен пласман Џиро д’Италија 6. Краен пласман Париз-Ница 2018 7. ГП Мигел Индураин 9. Краен пласман Тур де Франс 10. Краен пласман Критериум ди Дофине 2019 8. Краен пласман Тур де Романди 10. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 13 10. Краен пласман Париз-Ница 2020 7. Краен пласман Трка ОАЕ

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 20п Џиро 44 СО5 —10 20п Тур — 25 —9 51 20п Вуелта — —3 20 —Распоред на резултатите на поголемите етапни трки Трка 2015 2016 2017 2018 2019 Париз-Ница —46 1610 Тирено-Адријатико — — — — — Волта а Каталуња —7 СО — 17 Трка околу Баскија9 — — 21 — Тур де Романди14 15 —8 Критериум ди Дофине — — —10 — Тур де Свис — — — — —

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на официјална страница на екипата

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски велосипедисти Категорија:Руски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Руски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020