Амстел Голд Рејс 2015 — 50. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс. Се одржала на 19 април и прва единаесетта трка во сезоната на Светската турнеја. Амстел Голд Рејс е дел од арденските класици, иако се одржува во областа Лимбург во Холандија наместо во белгиските Ардени. Се одржала една недела пред Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж, другите главни арденски класици. Бранителот на титулата бил Филип Жилбер, кој победил на трката трипати, како и друмската трка на сличен терен во 2012 година.
Трката се одржала на рута долга 258 километри околу градот Фалкенбург; рутата вклучувала 34 кратки искачувања, некои од нив се повторувале. Одлучувачкото искачување било Кауберг, четвртото искачување на само 2 километри пред целта.
Откако неколку групи биле достигнати, одлучувачката борба се случула на последното искачување на Кауберг. Се создала мала група по искачувањето и спринтала за победа. Спринтот бил освоен од Михал Квјатковски, моменталниот светски првак; прва друмска победа по освојувањето на Светското првенство. Алехандро Валверде () бил втор, додека Мајкл Метјус () го заокружил подиумот.
Екипи
Бидејќи Амстел Голд Рејс е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На осум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани и така била заокружена групата од 25 екипи. Со осум возачи во секоја екипа, вкупно настапиле 200 возачи.
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
Резултати
ВелосипедистЕкипаВремеБодови заСветската турнеја 1 6ч 31' 49" 80 2 и.в. 60 3 и.в. 50 4 и.в. 40 5 и.в. 30 6 и.в. 22 7 и.в. 14 8 и.в. 10 9 и.в. 6 10 и.в. 2
Наводи
Категорија:Амстел Голд Рејс Категорија:Светска турнеја на UCI 2015 Категорија:Холандија во 2015 година