ФК Дарби Каунти е професионален фудбалски клуб од Дарби, грофовијата Дарбишир, Англија. Моментално се натпреварува во Чемпионшип лигата, вториот ранг на англискиот фудбал.
Клубот е основан во 1875 година, како Крикет клуб Дарбишир Каунти. Од 1997 година својте домашни натпревари ги игра на стадионот Прајд Парк.
Исто така, Дарби бил еден од основачите на Првата дивизија во 1888 година. Најуспешниот период во историјата на клубот биле 70-тите години на 20. век, кога освоиле две титули првак на Англија (1972, 1975) и имале четири настапи во европските натпреварувања, каде најголемиот успех го забележале во Европскиот Куп на шампионите во сезоната 1972-1973. Исто така клубот го освоил еднаш и ФА Купот во 1946 година.
За последен пат настапувале во Премиер лигата во сезоната 2007-2008, кога завршиле како последни на табелата и влегле во историјата како клуб со најмалку освоени бодови во една премиерлигашка сезона.
Надворешни врски Официјална страна Дарби Каунти на Soccerbase
Наводи
Дарби Каунти Категорија:ФК Дарби Каунти