Железничката станица „Криволак“ — железничка станица на железничкиот коридор 10 во селото Криволак, во јужниот дел на Македонија. Железничката станица се наоѓа на железничката линија Скопје — Гевгелија и на неа поминуваат регионалните домашни возови од Скопје кон Гевгелија, како и меѓународните возови Белград — Солун и Скопје — Солун.
Станицата поседува три колосеци.
Местоположба
Железничката станица се наоѓа на влезот на селото Криволак, во непосредна близина на реката Вардар, односно во самото нејзино течение, како што поминува и самата железничка линија.
Станицата се наоѓа на оддалечност од 99 километри од главниот град Скопје.
Историја
Во последната деценија на век, грозјето од Тиквешијата започнало да се извезува во Србија, главно преку железничката станица сместена во Криволак.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Профил на станицата
Криволак Категорија:Криволак