Буково — село во Општина Неврокоп, Пиринска Македонија, во југоисточниот дел на Бугарија.
Географија и местоположба Буково е планинско село, оддалечено 21 километар северно од Неврокоп и 33 километри југоисточно од Банско. Селото се наоѓа на левата страна од реката Места.
Историја Покрај селото се наоѓа доцноантичката и средновековна тврдина Момина Кула.
Во XIX век, Буково е муслиманско село во Неврокопската Каза на Османлиското Царство.
В 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век во Буково имало машко население од 170 души, кои живеат во 50 куќи.Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 112. ISBN 954-9308-51-0
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 255 жители, сите Македонци муслимани во 40 куќи.
Стопанство Атарот на селото зафаќа површина од 16.5км². Пониските делови од атарот се покриени со тревна вегетација, додека на повиските делови преовладуваат шумите.
Демографија Според пописот од 2011 година во селото имало 917 жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението во Буково: народжители%Бугари819,24%Турци78889,85%Роми00%други00%не се определиле70,8%Вкупно877100
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011жители285339448530645734837878917
Религија Жителите на селото се Помаци - со муслиманска вероисповед. Во селото има две џамии, а поновата џамија го има највисокото минаре во Бугарија.
Самоуправа и политика Поштенски број на селото е 2915.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Општина Неврокоп Категорија:Села во Пиринска Македонија