Џиро д’Италија 2015 — 98. издание на Џиро д’Италија, една од големите велосипедски трки. Трката започнала во Сан Лоренцо ал Маре на 9 мај со екипен хронометар на растојание од 17,6 километри, а завршила во Милано на 31 мај со рамна етапа на растојание од 185 километри. Трката била петнаесетта по ред во сезоната на Светската турнеја. Вкупно 197 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од екипата . Второто и третото место биле освоени од Италијанецот Фабио Ару и Шпанецот Микел Ланда, соодветно.

Контадор првпат го презел водството по петтата етапа, првата етапа со завршница на нагорнина. Неговата одбрана на розовата маичка била ставена во сомнеж кога го изместил левото рамо при пад во текот на спринтот на шестата етапа, но ја продолжил трката. Успеал да го одржи неговото водство во текот на една среднопланинска и планинска етапа, но бил задржан во друг пад во текот на тринаесеттата етапа, предизвикувајќи да изгуби време, како и самото водство. Меѓутоа, на важниот поединечен хронометар на растојание од 59,4 километри следниот ден, извозил значајно време пред сите негови соперници и ја освоил розовата маичка и ја одбранил низ планините за втора победа на Џиро, по Џиро 2008. Исто така, ја освоил и трката во 2011 година, пред да му биде одземена победата поради контроверзата со кленбутеролот. Како во 2008 година, Контадор не освоил ниедна етапа на Џиро, но имал силни завршници на секоја планинска етапа, што му овозможило да го зголеми водството и до денес, нема освоено етапа на трката. Второто место му припаднало на Ару, кој и покрај слабиот настап на хронометарот и слабиот резултат на Мортироло, ги освоил етапите 19 и 20. Заокружувајќи го подиумот на третото место било изненадувањето на трката, Ланда, кој ги освоил етапите 15 и 16 и имал солиден настап на другите планински етапи, освојувајќи го Чима Копи на трката.

Во другите пласмани на трката, Италијанецот Џакомо Ницоло од екипата го освоил бодовниот пласман, возачот на Џовани Висконти го освоил планинскиот пласман, додека Ару од го завршил Џиро како најдобар возач под 26 години во генералниот пласман, завршувајќи на второто место. Астана завршила како победник во Трофеј Брза екипа, освојувајќи најмало вкупно време од сите екипи, како и Трофеј Супер екипа.

Екипи и велосипедисти

Бидејќи Џиро д’Италија е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Организаторите на трката на пет професионални континентални екипи им доделиле специјална покана и така била заокружена групата од 22 екипи. Првично, секоја екипа испратила состав од девет возачи на трката. Меѓутоа, Џорџ Бенет бил приморан да се повлече пред да започне трката, оставајќи го со само осум возачи. Така, Џиро започнал со група од 197 возачи. Од нив, 163 возачи успеале да завршат на целта во Милано.

Екипи во Светската турнеја биле:

мини|Контадор на Џиро 2015 Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката

Минатогодишниот победник, Наиро Кинтана, избрал да не ја брани неговата титула со цел да се насочи на Тур. Пред почетокот на трката, Алберто Контадор бил сметан како главен фаворит за победа на трката. Контадор се надева на победа оваа година, како и на Тур де Франс (кој започнува во јули), во обид на повторување на двократниот успех на Марко Пантани на Џиро-Тур во 1998 година. Пантани бил последниот возач кој ги освоил двете трки во една година. Според многумина, негова најголема закана ќе биде Ричи Порт. Порт покажал силна форма во текот на сезоната со победите на Париз-Ница, Волта а Каталуња и Џиро дел Трентино. Други возачи кои се сметаат како фаворити на трката биле Ригоберто Уран, второпласиран на Џиро во 2013 и во 2014 година и Фабио Ару, третопласираниот на минатогодишниот Џиро.

Други велосипедисти за првите пет места во генералниот пласман ќе се борат Доменико Поцовиво (завршил во првите пет минатата година), Јурген ван ден Брук (завршил меѓу првите десет на сите големи трки), Илнур Закарин (победник на неодамна завршениот Тур де Романди) и Рајдер Хесједал (победник на Џиро д’Италија 2012).

Етапи

Рутата за Џиро д’Италија 2015 била прикажана од директорот на трката Мауро Вењи на 6 октомври 2014 година во Милано. Содржела две хронометарски етапи, еден екипен и еден поединечен хронометар. Имало пет етапи со големи искачувања, од кои четири со завршница на нагорнина: осмата етапа до Кампитело Матезе; петнаесеттата етапа до Мадона ди Кампилјо; деветнаесеттата етапа до Червинија и дваесеттата етапа со Сестриере. Етапите 4 и 12, иако биле категоризирани како среднопланински, завршуваат на Абетоне и Монте Берико, соодветно. Како што било вообичаено за минатите години, организаторите вклучиле два дена за одмор. Кога се споредува со претходните изданија на трката, трката била подолга за 36,3 километри, содржела помалку еден ден за одмор, како и еден поединечен хронометар.

Две етапи започнувале или завршувале надвор од Италија, обата пати во Швајцарија. Седумнаесеттата етапа завршувала во Лугано, додека осумнаесеттата етапа започнувала во Мелиде.

+Список на етапиЕтапаДатумДвижењеРастојаниеВидПобедник19 мај Сан Лоренцо ал Маре до Санремо 17,6 км 22п екипен хронометар 210 мај Албенга до Џенова 173 км 22п рамна етапа 311 мај Рапало до Сестри Леванте 136 км 22п среднопланинска етапа 412 мај Кјавари до Ла Специја 150 км 22п среднопланинска етапа 513 мај Ла Специја до Абетоне 152 км 22п среднопланинска етапа 614 мај Монтекатини Терме до Кастиљоне дела Пескаја 181 км 22п рамна етапа 715 мај Гросето до Фјуџи 263 км 22п рамна етапа 816 мај Фјуџи до Кампитело Матезе 188 км 22п планинска етапа 917 мај Беневенто до Сан Џорџо дел Санио 212 км 22п среднопланинска етапа 18 мај Ден за одмор1019 мај Чивитанова Марке до Форли 195 км 22п рамна етапа 1120 мај Форли до Имола 147 км 22п среднопланинска етапа 1221 мај Имола до Виченца 190 км 22п среднопланинска етапа 1322 мај Монтекио Маџоре до Језоло 153 км 22п рамна етапа 1423 мај Тревизо до Валдобјадене 59,2 км 22п поединечен хронометар 1524 мај Маростика до Мадона ди Кампилјо 165 км 22п планинска етапа 25 мај Ден за одмор1626 мај Пинцоло до Априка 175 км 22п планинска етапа 1727 мај Тирано до Лугано (Швајцарија) 136 км 22п рамна етапа 1828 мај Мелиде (Швајцарија) до Вербанија 172 км 22п среднопланинска етапа 1929 мај Гравелона Точе до Червинија 236 км 22п планинска етапа 2030 мај Сен Венсан до Сестриере 196 км 22п планинска етапа 2131 мај Торино до Милано 185 км 22п рамна етапа

Преглед на трката

мини|десно|Алберто Контадор, ја носи розовата маичка, предводник на генералниот пласман, во текот на Џиро д’Италија 2011. Подоцна му била одземена оваа титула по тврдењата за допинг со кленбутерол на Тур де Франс 2010 од страна на Арбитражниот суд за спорт во февруари 2012 г.

Трката започнала со екипен хронометар во Санремо. Екипата ја освоила првата етапа, со што Сајмон Геранс бил првиот кој ја облекол розовата маичка. Втората етапа, обележана со неколку падови, била освоена од возачот на Скај, Елија Вивијани, кој ја презел црвената маичка како предводник во бодовниот пласман. Мајкл Метјус ја презел розовата маичка од неговиот колега Геранс. Потоа, ја освоил третата етапа, која била обележана како среднопланинска и вклучувала искачување од втора категорија, но, можеби неочекувано, завршила со масовен спринт од намалената главна група. Меѓутоа, на етапата се случила страшна несреќа на фаворитот Доменико Поцовиво, кој бил приморан да се откаже од трката. Четвртата етапа била прва која предизвикала поголеми временски разлики. Давиде Формоло ја освоил етапата по бегство, следен од група на тринаесет возачи со најголем дел од фаворитите.

Петтата етапа завршила на нагорнина во Абетоне. Словенецот Јан Поланц ја освоил етапата по бегство и дошол до крајот на втор ден по ред. На етапата се случиле повеќе напади од главните фаворити Контадор, Ару и Порт. Тројката завршила 1' 31" зад Поланц. Контадор ја преземал розовата маичка, главно поради второто место на неговата екипа, , на воведниот екипен хронометар на трката. Наредните две етапи завршиле со спринтови, освоени од Андре Грајпел и Диего Улиси, соодветно.

Осмата етапа го имала првото искачување од прва категорија. Била освоена од Бењат Инчаусти. Контадор успешно ја одбранил маичката, возејќи со изместено рамо по падот во последните метри на шестата етапа. Деветтата етапа вклучувала повеќебројни категоризирани искачувања, како завршница на првата недела. Била освоена од Паоло Тиралонго. На етапата се случил и напад на Ару, но бил достигнат од Контадор, Порт и Ланда. Меѓутоа, Ару успеал да добие една секунда од Контадор во завршниот спринт на крајот.

По првиот ден за одмор, со десеттата етапа започнала втората недела. Никола Боем ја освоил етапата по бегството кое било успешно до крајот. Кон крајот, третопласираниот Порт имал механички проблем (дупната гума) и изгубил 47 секунди во однос на главната група. Добил и дополнителни две минути казна поради тоа што имал недозволена промена на тркало од страна на Сајмон Кларк, возач од друга екипа. Следниот ден, бегството повторно било успешно, овој пат победувајќи Илнур Закарин. Дванаесеттата етапа, со завршница на нагорнина, била освоена од Филип Жилбер.

мини|десно|Микел Ланда бил изненадување на Џиро, освојувајќи две планински етапи — етапите 15 и 16, кралската етапа.

Тринаесеттата етапа била освоена од Сака Модоло во спринт, но била одбележана од пад на 3,1 километар пред целта. Контадор, кој изгубил 40 секунди и Порт, кој изгубил дополнителни две минути, биле вклучени во падот. Розовата маичка преминала кај Ару, на радост на домашните обожаватели.

мини|лево|Фабио Ару ја носел розовата маичка на еден ден, во текот на четиринаесеттата етапа, пред да ја изгуби од Контадор истиот ден.

Четиринаесеттата етапа била единствениот поединечен хронометар на трката. На растојание од 59,4 километри бил долг тест и се покажал важен за генералниот пласман. Васил Кириенка ја освоил етапата, а Алберто Контадор бил најдобар помеѓу фаворитите, преземајќи ја розовата маичка од Фабио Ару и добивајќи значајно време пред соперниците. Ару изгубил повеќе од две и пол минути, а Ричи Порт доцнел повеќе од четири минути зад Шпанецот, губејќи ги сите шанси за победа на Џиро. Следниот ден била првата етапа на Доломитите. Екипата на Ару, Астана, имале солиден настан на планинската завршница на Мадона ди Кампиљо, но не успеала да го оддалечат Контадор. Микел Ланда ја освоил етапата, Контадор бил трет, освојувајќи дополнителни седум секунди во однос на Ару. Ричи Порт, сè уште под ефект од падот, изгубил 27 минути и ја напуштил трката на последниот ден за одмор додека Ригоберто Уран, по слабиот резултат на хронометарот, изгубил уште осум минути, со што ги изгубил шансите за подиумот.

Шеснаесеттата етапа била кралска етапа со пет алпски врвови, вклучувајќи ги Тонале, Мортироло и планинска завршница на Априка. Контадор имал импресивна потера на Мортироло откако доживеал проблем со гумата и заостанувајќи скоро минута зад групата на подножјето. Ланда ја освоил втората етапна победа по ред, додека Контадор го потврдил своето водство. Ару продолжил да се мачи, губејќи уште две минути во однос на Контадор и паднал на третото место, зад неговиот колега, Ланда. Сака Модоло ја освоил седумнаесеттата етапа во Лугано, единствената точка во странство на Џиро.