15 минути (англиски: 15 Minutes) е американски филм од 2001 година, во режија на Џон Херцфелд. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Де Ниро, Едвард Барнс, Олег Тактаров, Шарлиз Терон итн. Содржина Во филмот се зборува за двајца криминалци од Источна Европа, Олег (го игра Тактаров) и Емил, кои доаѓаат во Њујорк. Согледувајќи ја моќта на медиумите, тие се решени да ги снимат своите криминални акции и така да станат познати на Западот. Детективот Еди Флеминг (го игра де Ниро) ги истражува нивните убиства.„15 минути“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 16. „15 минути“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 14. „15 минути“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 14.

Наводи

Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија: Филмови со Шарлиз Терон Категорија: Филмови со Роберт де Ниро Категорија:Филмови од 2001 година