Јакуб Блашчиковски (; р. ) — полски фудбалер, играч од средниот ред на Висла Краков и на полската репрезентација.
Блашчиковски двапати бил избран за Најдобар фудбалер на годината во Полска во 2008 и 2010 година.
Кариера Роден е во Турколаси близу Ченстохова и започнал да игра фудбал во екипата на Ракув Ченстохова во 1993 година. Како младинец играл и за Гурник Забже, а потоа и за КС Ченстохова каде го направил своето професионално деби во 2003.
По една сезона во овој клуб во која бил многу успешен, Блашчиковски бил купен од страна на Висла Краков, еден од гиганти во полскиот фудбал. Со нив го освоил полското првенство во сезоната 2004-2005 и бил еден од најдобрите фудбалери на клубот во двете сезони додека играл за Висла. Во 2007 година потпишал за германскиот Борусија Дортмунд. Со популарните милионери освоил две титули во Бундеслигата, еден Куп на Германија и два Суперкупа на Германија.
На 25 мај 2013, играл до 90-тата минута кога бил заменет од Јулијан Шибер во Финалето на Лигата на шампионите 2013-2014, во кое Борусија загубила од Бајерн Минхен со 2-1.
На 31 август и се приклучил на Фјорентина, на позајмица за сума од 1 милион евра, со право на откуп за 6 милиони евра. Дебитирал за Фјорентина во натпреварот од првенството против Џенова во победата со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Борха Валеро. На 23 септември го постигнал првиот погодок во дресот на виола во победата со 2-0 над Болоња на домашен терен. Својата единствена сезоната во Фиренца ја завршил со 18 настапи и 2 гола во сите натпреварувања, по што се вратил во Германија.
На 1 август 2016, Блашчиковски му се приклучил на Волфсбург за сума од 5 милиони евра, потпишувајќи три годишен договор со клубот.
Титули Висла Краков Полско првенство (1) : 2004–2005
Борусија Дортмунд Бундеслига (2) : 2010–2011, 2011–2012 Куп на Германија (1) : 2011–2012 Суперкуп на Германија (1) : 2013 Лига на шампиони вице-шампионски медал : 2012–2013
Надворешни врски
Јакуб Блашчиковски на transfermarkt Јакуб Блашчиковски на soccerway Јакуб Блашчиковски на espn Јакуб Блашчиковски на 90minut Јакуб Блашчиковски на whoscored
Наводи
Категорија:Полски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Висла Краков Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2012 Категорија:Живи луѓе