Димеркаптосукцинска киселина е органосулфурно соединение со формула HO2CCH(SH)CH(SH)CO2H. Таа содржи две карбоксилни групи и две тиолни групи, кои се одговорни за благо непријатниот мирис.

Медицинска употреба Димеркаптосукцинската киселина се употребува за третман на труење со олово кај деца, кај кои концентрацијата на олово во крвта е над 45 µg/dL.

Наводи

Категорија:Дикарбоксилни киселини Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Хелатни агенси