мини|десно|400п|Кодови на земјите во Европа според ISO 3166-1 алфа-2 ISO 3166-1 алфа-2 — збир двебуквени државни кодови утврдени со ISO 3166-1 (дел од стандардот ISO 3166) на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Наменети се за претставување на земји, зависни територии и посебни подрачја од географски интерес. Претставуваат најзастапените кодови на ISO (другите се алфа-3 и бројчените) и најчесто се среќаваат како највисоки државни домени на семрежјето (со мали исклучоци). Воведени се во 1974 г., во првото издание на стандардот ISO 3166.
Примена Кодовите на ISO 3166-1 алфа-2 се користат по различни пригоди или како дел од други стандарди. Во некои случаи овие кодови не се применуваат во целост.
Целосна примена Кодовите на ISO 3166-1 алфа-2 целосно се применуваат во следниве стандарди: Назнака Назив на стандардот Забелешка ISO 3166-2 код на административна единица ISO 3901 меѓународен стандарден записен код (ISRC) ISO 4217 валутен код ISO 6166 меѓународен идентификатор на хартии од вредност (ISIN) ISO 9362 идентификатор на банка (BIC) наречени и SWIFT-кодови ISO 13616 меѓународен број на банкарска сметка (IBAN) ISO 15511 меѓународен стандарден идентификатор за библиотеки и сродни организации (ISIL) UN/LOCODE код на ООН за места во трговијата и превозот ги користи Економската комисија за Европа на ООН
Нецелосна примена Почнувајќи од 1985 г. ISO 3166-1 алфа-2 се применува во доменскиот именски систем (DNS) како највисоки државни домени (ccTLD). Речиси сите кодови доделени од IANA го следат овој стандард, но постојат неколку исклучоци. На пример, Обединетото Кралство, чиј алфа-2 код гласи GB, користи .uk наместо .gb, бидејќи UK посебна резервација по барање на Обединетото Кралство. Вакви исклучоци прават и други меѓународни организации како Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), Европската комисија, па дури и самата ООН во случаи како меѓународните автоознаки.
Поврзано Државен код Список на FIPS-кодови на земјите
Наводи
Надворешни врски ISO 3166 Maintenance Agency, International Organization for Standardization (ISO)
1 алфа-2 Категорија:Државни кодови