Војдан Чернодрински соработувал со Македонскиот комитет од Софија, особено по формирањето на театарската дружина Скрб и утеха. Чернодрински позајмувал пари од касата на Врховниот комитет, за потребите на неговата група. Комитетот кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, го засилил своето влијание меѓу македонската емиграција во Бугарија, а од друга страна некои од неговите членови и претседатели имале мошне интересни ставови во врска со примената на македoнскиот народен јазик во литературата и театарската дејност, ова особено се однесува на Борис Сарафов Александар Алексиев, Војдан Чернодрински, Мисла, Скопје, 1974. thumb|лево|200px|Војдан Чернодрински

Сарафов како претседател на Врховниот македонски комитет презел серија на активности за промоција на македонското револуционерно дело, оттука го покровителствувал Чернодрински и неговата Македонска крвава свадба, која требало да ја револуционизира македонската емиграција и да ја запознае пошироката јавност со состојбите во Македонија.

На 7 ноември (стар стил) 1900 година во салонот на Славјанска беседа била одржана праизведбата на Македонска крвава свадба. Изведувањето на пиесата минала во напната атмосфера. Стефан Каракостов истакнува дека: Поради интервенција на туѓа влада кај министерот претседател Тодор Иванчев, пиесета се забранува од власта, но претставата се одржува под силна заштита на вооружени четници Александар Алексиев, Војдан Чернодрински, Мисла, Скопје, 1974, 40

Софискиот градоначалник издал налог на коњичката стража да ја растури публиката, а артистите не можеле да влезат во салонот.

Извори

Категорија:Борис Сарафов Категорија:Војдан Чернодрински