Лештен — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба мини|Црква во селото мини|Стара куќа во селото Селото Лештен се наоѓа на 14 километри североисточно од Неврокоп и на 7 километри североисточно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа на надморска висина од 1093 метри на екстремните јужни падини на Западни Родопи. Атарот на селото зафаќа површина од 16.569 км2. Поради својата местоположба, селото има возбудлив поглед кон Неврокопската долина и Пирин, прекрасна архитектура чии куќи се типични за регионот.

Историја Османлиско Царство

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Неврокопската Каза. Црквата „Света Петка“ бил изградена во 1833 година. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лештен (Leschtène) е село со 59 семејства и 200 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129. Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) за селото запишал дека во него има 56 бугарски куќи.Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234-235.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 480 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 195.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во тоа време селото било општински центар со развиена трговија. Општината постоела до 1934 година, по што нејзините архиви биле преместени во општината во селото Ковачевица. Регистрите за граѓански статус се наоѓаат во општинскиот центар на селото Грмен, а ЕСГРАОН се наоѓа во селото Горно Драаново заедно со стар регистар за месното население.

Обновени се многу од старите куќи во селото, додека нивниот автентичен архитектонски стил е зачуван и куќите се претворени во вили за одмор за туристите. Поради автентичниот изглед на селото, таму честопати се правени играни филмови и музички видеа.

Население +Население на Лештен по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 554 571 503 294 87 64 35 8 2 10

+Население по возраст од 2011 година:

Личности Родени во Лештен Григориј Софиев, учесник во Руско-турската војнаМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 36. Илија Д. Алексов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 18. Костадин (Коста) Т. Аврамов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 12. Коста Ив. Бабаџанов, доброволец во Македонско-одринските доброволни четиМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 75. Николај Кашев (р. 1941), бугарски сликар Симеон Апостолов, доброволец во Македонско-одринските доброволни четиМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 49. Тодоро Андреев, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 43.

Наводи

Литература Ангел Даскалов – „Из миналото на Неврокопско и близките му покрайнини“, публикувано в сп. „Македонски Преглед“, книга 1-4, год. VII, София, 1931 година

Надворешни врски

Слики од селото Човек со внатрешно горење

Категорија:Општина Грмен Категорија:Села во Пиринска Македонија