мини|Лого

КУД Српски вез е Културно-уметничко друштво формирано на 25 септември 2013 година во Куманово, на иницијатива на Српската заедница во Македонија со цел да се негува и сочува културниот идентитет на Србите кои живеат во Република Македонија, да се зачуваат традиционалните игри и песни и пренесе српската култура на младата популација во државата и пошироко.

Историја

За прв претседател на Друштвото е избран Горан Стојковиќ. Неговиот ентузијазам и целосна посветеност видно придонесе за афирмација и успешна работа на овој фолклорен ансамбл. Актуелен претседател на КУД Српски вез е Далибор Китановиќ, а уметнички директор е Горан Зафировиќ.

Активности 350п|десно|Настап во Босилеград

Друштвото е сочинето од играорна и вокална секција и оркестар.

Во март 2015 година формиран е и огранок на друштвото во општина Старо Нагоричане.

Настапи Настап по повод прославата на Националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава, 2014 година Настап на хуманитарен концерт за помош на поплавените во Србија и БиХ Учество на Ѓурѓовденски свечености во Старо Нагоричане Учество на Меѓународен фестивал во Власина, Република Србија, јули 2014 Учество на Меѓународен фестивал во Босилеград, Република Србија, јули 2014 Настап по повод прославата на Националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава, 2015 година Учество на Меѓународен фестивал во Зајечар, Република Србија, 2015 Учество на Меѓународен фестивал во Нови Сад, Република Србија, 2015 Учество на Меѓународен фестивал во Долно Лисиче, Скопје, Република Македонија, 2015

Надворешни врски

Ново културно-уметничко друштво Настап во Нови Сад Видео од годишниот концерт Годишен концерт Огранок во Старо Нагоричане

Категорија:Културно-уметнички друштва во Македонија Категорија:Македонска народна музика Категорија:Српска народна музика Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија