Хазби Лика (албански: Hazbi Lika; , ) — македонски политичар, поранешен член на терористичка ОВК и ОНА и поранешен градоначалник на Тетово. На 27 јуни 2003 бил назначен на местото заменик министер за внатрешни работи.

Лика бил командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад масакрот на македонските безбедносни сили во Вејце. Лика бил командант на 112. бригада на ОНА. Бил градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 година.

Според „Нова Македонија“, Лика ја оштетил општина Тетово за три милиони евра додека раководел со неа. Тој денес е член на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Тетово. Во 2017 бил именуван за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор во владата на Зоран Заев.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски Албанци Категорија:Членови на ОНА Категорија:Живи луѓе Категорија:Вицепремиери на Македонија