Мачорот во чизми (англиски: Puss in Boots) е американски анимиран филм од 2011 година, во режија на Крис Милер. Гласовите ги позајмуваат: Селма Хаек, Зак Галифијанакис, Били Боб Торнтон, Антонио Бандерас итн.

Содржина Кога биле мали, Мачорот в чизми (гласот го позајмува Бандерас) и Хампти Дампти (гласот го позајмува Галифијанакис) биле најверни другари, живеејќи во дом за сираци. Кога Хампти ограбува кочија со пари, за тоа е обвинет и Мачорот, по кого се распишува потерница. Затоа, тој мора да ја докаже својата невиност и се обидува да ги украде волшебните гравчиња од криминалците Џек и Џил. Притоа, тој ја среќава мачката Кити (гласот го позајмува Хаек), која го носи кај Хампти. Сеќавајќи се на предавството на Хапмти, Мачорот е непријателски настроен кон него, но сепак тие заедно одат на небото, во замокот на џинот и ја крадат златната гуска. Потоа, Мачорот се враќа во градот од каде бил прогонет, но повторно доаѓа до израз алчноста на Хампти.„Возбудлива авантура на триото од бајките“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 2.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Цртани филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Крис Милер Категорија:Филмови со Селма Хаек Категорија:Филмови со Зак Галифијанакис Категорија:Филмови со Били Боб Торнтон Категорија:Филмови со Антонио Бандерас Категорија:Филмови од 2011 година