Република Родезија од 1970 година понатаму позната како Република Родезија — самопрогласена, меѓународно непризната држава во југозападна Африка, која постоела од 1965 до 1979 година. Ја зафаќала територијата на денешно Зимбабве. Главен град на државата бил Солзбери (, денес Хараре). Родезија била сметана за де факто држава-наследник на поранешната британска колонија Јужна Родезија (чија прва влада била формирана во 1923 година).
Владата составена претежно од бело мнозинство на Јужна Родезија постојано го одложувала предавањето на власт во рацете на црното домородско мнозинство, покрај притисоците извршени од Обединетото Кралство. Белото мнозинство во владата на крајот еднострано прогласило независност од Велика Британија на 11 ноември 1965 година. Владата на почетокот барала членство во Комонвелтот, но подоцна ја напуштила таа политика и се самопрогласила како република во 1970 година.
Непосредно пред прогласувањето на независност, поради одбивањето да препуштат дел од власта на црното мнозинство, герилските организации (Африкански национален сојуз на Зимбабве под водство на Роберт Мугабе и Африканскиот народен сојуз на Зимбабве под водство на Џошуа Нкомо), помогнати од Кинаhttp://books.google.rs/books?id=vWyjYAUW1ekC&printsec=frontcover&hl=sr#v=onepage&q&f=false China and Africa: Engagement and Compromise, Ian Taylor и Советскиот СојузCommunist Support to Nationalists in Rhodesia, започнале војна за сузбивање на белата власт, но и помеѓу себе, поради политичка превласт.
Владата на Обединетото Кралство не била задоволна со ова решение, па затоа иницирала нови преговори кои траеле од 10 септември до 15 декември 1979 година, во вилата „Ланкастер Хаус“ во Лондон, под претседавање на лордот Карингтон, тогашен британски министер за надворешни работи. Епископот Музорева бил приморан да прифати избори.
Согласно договорот во Ланкастер Хаус, управата над земјата на 11 едкември 1979 година била вратена на Британската Империја. Следниот ден управата ја презел лордот Соумс, а државата формално повторно станала колонија под името Јужна Родезија.
Парламентарните избори биле одржани на крајот на февруари 1980 година, по кампања која била одбележана со масовно застрашување и бројни други кршења на човековите права од страна на ЗАНУ под водство на Мугабе. Властите на Обединетото Кралство на кратко ја разгледале можноста за дисквалификација на ЗАНУ од учеството на изборите порати големото кршење на Договорот од Ланкастер Хаус, но на крајот не преземале ништо.
На 4 март 1980 година, ЗАНУ издвоил убедлива победа. Соперничкиот УАНЦ освоил само три од осумдесет места резервирани за црнечкото население во Претставничкиот дом.
Јужна Родезија под водство на Мугабе, на 18 април 1980 година станала Република Зимбабве.
Поврзано Ијан Смит Граѓанска војна во Родезија Федерација Родезија и Њасаленд Јужна Родезија
Наводи
Надворешни врски
Ironing the lawn in Salisbury - the last days of Rhodesia (The Guardian) Rhodesian and South African Military History - An extensive collection of histories and analysis of Rhodesian and South African military operations, to the early 1980s Window on Rhodesia- An archive of the history and life of Rhodesia. Constitution of Rhodesia
Категорија:Непризнаени држави и територии Категорија:Историја на Зимбабве Категорија:Држави и територии настанати во 1965 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1979 година