Жената на астронаутот (англиски: The Astronaut's Wife) е американски филм од 1999 година, во режија на Ренд Равич. Главните улоги ги толкуваат: Џони Деп, Шарлиз Терон, Џои Мортон, Ник Касаветес итн. Содржина Двајца астронаути доживуваат голема експлозија кога ќе го напуштат вселенскиот шатл за да поправат еден сателит. Во текот на две минути, НАСА нема никаков контакт со нив, но потоа безбедно се спуштаат на Земјата. Сепак, по враќањето, тие повеќе не се истите луѓе.„Жената на астронаутот“, Антена, број 884, 5.6.2015, стр. 14. Наводи
Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови со Џони Деп Категорија: Филмови со Шарлиз Терон Категорија: Филмови со Ник Касаветес Категорија:Филмови од 1999 година