Џеди Осман (, ) — македонско-турски професионален кошаркар кој играл за Анадолу Ефес од Истанбул во Турската кошаркарска лига. Најчесто игра на крилната позиција, но ако е потребно може да игра и како бек. На НБА-драфтот за 2015, избран е како 31. пик од Минесота тимбервулфс.

Професионална кариера Осман е роден во Охрид, Република Македонија од татко етнички Турчин и мајка Босанка. Има постар брат Џанер кој исто така е кошаркар. Почна да игра кошарка во КК Босна во 2001 година. Се префрли во јуниорскиот тим на Анадолу Ефес после извонредниот успех со КК Босна во 2007 година. Заради турското потекло по татко, тој веднаш беше натурализиран како турски државјанин и заигра за турската репрезентација.

Анадолу Ефес Осман потпиша младински договор со Анадолу Ефес во 2007 година. Во сезоната 2011-12 бил позајмен на тимот Пертевнијал од Истанбул. Во летото 2012 година, Осман потпиша професионален договор со Анадолу Ефес.

На 25 јуни 2015 година, Осман беше избран како 31 пик на НБА драфтот за 2015 година од Минесота Тимбервулфс, кој истата ноќ го истргувал заедно со Раким Кристмас за Тајс Џонс (24 пик) од Кливленд Кавалирс.

Успеси Екипни 2015 Победник на Купот на Турција 2015 Победник на Суперкупот на Турција 2014 Крит: Злато на Европското првенство под 20 2013 Рига: Злато на Европското првенство под 18

Поединечни 2015-2017 3 пати избран во ѕвездите (all star) на Турската лига 2014 Крит: МВП на Европското првенство под 20

Надворешни врски Џеди Осман на draftexpress.com Џеди Осман на eurobasket.com Џеди Осман на euroleague.net Џеди Осман на tblstat.net

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Турски кошаркари Категорија:Кошаркари од Охрид