808 Мерксија — астероид кој кружи околу Сонцето. Според него е именувано Мерксиското семејство (збир на астероиди кои поседуваат слични орбитални елементи и физички својства).
Спектарот на овој објект покажува дека станува збор за астероид од типот S со ниски и високи количества на калциумови облици на пироксени на површината, како и помалку од 20% оливин. Високото количество на калциумови пироксено од околу 40% или поголемиот дел од целокупниот пироксен, што укажува на историја наслаѓи на магматски карпи. Ова укажува дека астероидот минал низ процес на диференцијација при топењето, при што се создала површина од базалт.
808 Мерксија се користи како именување за Мерксиското семејство на астероиди кои споделуваат слични орбитални елементи и физички својства. Членовите на ова семејство, вклучувајќи ги тука и 808 Мерксија, кој најверојатно потекнуваат од распадот на базалтен објект, кпј пак потекнува од поголем објект кој претходно минал низ магматска диференцијација. Други членови на ова семејство се 1662 Хофман, 2042 Ситарски, 2504 Гавиола и 3363 Бовен.
Наводи
Надворешни врски Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets
Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Мерксиски астероиди Категорија:Откритија на Лујџи Карнера Категорија:Астероиди наречени по личности Категорија:Астрономски тела откриени во 1901 година Категорија:Неправилни месечини