Брезница (, од 1971 г. офиц. Горна Брезница,Николай Мичев, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878–1987“, София, 1989.) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010

Историја Отоманско Царство Во текот на XIX век, селото било во составот на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 Македонци и 460 муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.

За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1923 година била осветена црквата „Свети Атанасиј“.

Александар Климов, роден во село Ложани, Струшко, живеел и бил погребан во селото.Тој учествувал како војвода во Илинденското востание и бил осуден на 101 години затвор од османлиската држава по неговото задушување. Се населил во селото Горна Брезница во 1918 година, каде што бил поставен за учител. Во 2003 година во негова чест во селото бил подигнат споменик, по повод 100 години од избувнувањето на востанието.

Географија и местоположба Брезница се наоѓа на околу 5 километри северозападно од центарот на градот Кресна низ кој минува главниот пат Е-79 и приближно 30 километри јужно од центарот на градот Благоевград, во подножјето на Малешевските Планини.

Население

+Население на Брезница по попис Година Год 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 Жители 1027 1195 1244 1327 1259 964 941 791 564

+Население по возраст од 2011 година:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:

Број на население Вкупно 564Бугари 453Турци -Роми -Останати -Не се определиле - Без одговор 108

Личности Починати Александар Климов — македонски револуционер

Наводи

Надворешни врски Портал на Горна Брезница

Категорија:Општина Кресна Категорија:Села во Пиринска Македонија