Суперкуп на УЕФА 2017 било 42. издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА.

Во Суперкуп на УЕФА 2017 играле екипите на , победник на Лигата на шампионите 2016-2017, и , победник на Лига Европа 2016-2017. Натпреварот се одиграл на стадионот Телеком арена во Скопје, Македонија на 8 август 2017 година.

Реал Мадрид го освоил Суперкупот на УЕФА, победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-1. Головите за шпанскиот тим ги постигнале Каземиро и Иско, додека стрелец за Манчестер Јунајтед бил Ромелу Лукаку.

Екипи ЕкипаПласиран какоПретходни учества Реал МадридПобедник во УЕФА Лига на шампиони 2016/171998, 2000, 2002, 2014, 2016 Манчестер ЈунајтедПобедник на УЕФА Лига Европа 2016/171991, 1999, 2008

Белешка: Со задебелени бројки се напишани годините кога тимот победил во натпреварувањето.

Натпревар Преглед на натпреварот

Натпреварот започнал со шанса за Манчестер Јунајтед, но Лукаку не успеал да поентира од поволна позиција. Реал возвратил во 16-тата минута кога по корнерот на Крос, ударот со глава од страна на Варан завршил во пречката. Иницијативата на „кралевите“ вродила со плод во 24-тата минута кога Карвахал мајсторски му асистирал на Каземиро, кој со многу чувство со лизгачки старт успеал да ја спроведе топката зад грбот на де Хеја. Со голот за водство на Реал се отишло на одмор.

Свесен дека не се премногу опасни кон голот на Реал, на почетокот на вториот дел Мурињо во игра го внел Рашфорд на местото на Лингард. Меѓутоа, пак сериозна закана дошло од страна на шпнаците, откако силно шутирал Тони Крос, но де Хеја прекрасно одбранил. Реал успеал до го удвои водсвтото во 52-рата минута кога Иско и Бејл убаво спровеле двојно додавање, исфрлувајќи ја од игра целата одбрана на Јунајтед, а Иско со прецизна завршница погодил за 2-0. Англичаните возвратиле со неколку изгледни шанси, од која една стопостотна на Лукаку, но промена на резултатот немало до 62-рата минута. Тогаш по ударот на Матиќ, Навас одбранил за момент, а Лукаку овој пат не можел да не погоди, намалувајќи го резултатот на 2-1. До крајот англичаните се обидувале да дојдат до израмнување, меѓутоа Реал имал контрола на случувањата на теренот и на крајот тие биле славениците на овој Суперкуп на УЕФА.

Детали Победникот во Лигата на шампионите се водел како домаќин поради административни причини.

GK 1 Кејлор НавасRB 2 Дани Карвахал CB 5 Рафаел ВаранCB 4 Серхио Рамос LB 12 МарселоCM 10 Лука МодриќCM 14 КаземироCM 8 Тони КросRF 11 Гарет Бејл CF 9 Карим Бензема LF 22 Иско Замени:GK 13 Кико КасиљаDF 6 НачоDF 15 Тео ЕрнандесMF 20 Марко Асенсио MF 23 Матео КовачиќFW 7 Кристијано Роналдо FW 17 Лукас Васкес Тренер: Зинедин Зидан GK 1 Давид де ХејаRB 25 Антонио Валенсија CB 2 Виктор ЛинделефCB 12 Крис СмолингLB 36 Матео ДармијанCM 21 Андер Ерера CM 31 Немања МатиќCM 6 Пол ПогбаRW 22 Хенрих МхитарјанCF 9 Ромелу ЛукакуLW 14 Џеси Лингард Замени:GK 20 Серхио РомероDF 17 Дели БлиндMF 8 Хуан МатаMF 16 Мајкл КарикMF 27 Маруан Фелаини FW 11 Антони МарсијалFW 19 Маркус Рашфорд Тренер: Жозе Мурињо

Играч на натпреварот: Иско (Реал Мадрид)

Помошни судии: Еленито Ди Либераторе Мауро Тонолини Четврти судија: Клеман Тирпен Дополнителни судии: Давиде Маса Масимилијано Ирати Правила на натпреварот 90 минути 30 минути продолженија ако е потребно Изведување пенали ако резултатот и понатаму е нерешен Максимално 7 играчи на клупа, од кои три можат да бидат искористени.

Екипа победник

Победник на Суперкупот на УЕФА 2017

Реал Мадрид 4. титула

Галерија

Наводи

Надворешни врски Суперкуп на УЕФА

2017 Категорија:Фудбалски натпреварувања во Македонија Категорија:Спортот во Скопје