Сезоната 2014/15 на КК Работнички била 23. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 69. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона во Првенството стигнал до полуфиналето, додека во Купот станал првак, освојувајќи ја деветтата титула.
Преглед на сезоната Претсезонски подготовки и промени Во јули 2014 година, поранешниот кошаркар Александар Димитровски бил назначен за нов спортски директор на клубот. Претходно, по завршувањето на сезоната, клубот го напуштил тренерот Емил Рајковиќ,Официјално: Емил Рајковиќ потпиша едногодишен договор со полски Сласк! sportmedia.mk 17 јули 2014 а на неговото место дошол Марин Докузовски.Докузовски повторно ќе седне на клупата на Работнички sportmedia.mk 6 август 2014„Докузовски се врати на клупата кај Работнички“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22.
На почетокот на август, клубот го напуштил Душан Кнежевиќ кој потпишал за Карпош Соколи,Кнежевиќ и Филиповиќ го засилија К.Соколи telegraf.mk 1 август 2014Мијајловиќ и Кнежевиќ во редовите на Карпош Соколи tip.com.mk 4 август 2014 како и интернационалецот од Соединетите Држави - Вилијам Колмен кој заминал во израелски Хапоел Холон.Колмен го напушти Работнички и се пресели во Израел tip.com.mk 6 август 2014 Димитар Мираковски потпишал нов договор со Работнички за новата сезона.Димитар Мираковски и следната сезона ќе игра за Работнички sportmedia.mk 11 август 2014 Подоцна, Владимир Брчков го напуштил клубот и заминал за Кожув.Кожув го ангажираше Владимир Брчков од Работнички tip.com.mk 22 август 2014Брчков го засилува Кожув ekipa.mk 22 август 2014 На крајот на август потпишал бившиот репрезентативец Ристе Стефанов.Ристе Стефанов пред камбек во Работнички ekipa.mk 25 август 2014Работнички го реактивира Ристе Стефанов sport365.mk 25 август 2014
Во септември, потпишале Србинот Миљан Павковиќ кој дошол од романска СтеауаИскусниот српски бек Миљан Павковиќ е нов член на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија Работнички, тим во кој следната сезона е решен да ги врати трофеите од мак баскетот во Градскиот парк kanal5.com.mk 3 септември 2014Работнички го доведе Милјан Павковиќ hitportal.com.mk 3 септември 2014Милјан Павковиќ е новото засилување на Работнички mkd.mk 3 септември 2014 и слободниот играч и репрезентативец Ивица Димчевски. Марко Симоновски на кого му истекол договорот, потпишал за МЗТ Аеродром.Марко Симоновски нов играч на МЗТ Аеродром tip.com.mk 9 септември 2014Марко Симоновски потпиша за МЗТ hitportal.com.mk 9 септември 2014 Во средината на септември пристигнал Црногорецот Милош Коматина,Коматина го засилува рекетот на Работнички ekipa.mk 19 септември 2014 но тој не ги задоволил челниците на стручниот штаб и си заминал од клубот.Коматина дошол неподготвен, си замина од Работнички ekipa.mk 26 септември 2014
Во почетокот на октомври, потпишале Црногорецот Игор Бијелиќ, кој дошол од словачка Хандлова, воедно и претходен играч на Фени Индустри од минатата сезона,„Центарци“ со ново засилување: Работнички го потпиша Црногорецот Бијелиќ! sportmedia.mk 2 октомври 2014Црногорецот Игор Бијелиќ го засили КК Работнички tip.com.mk 2 октомври 2014 како и бившите играчи на МЗТ Аеродром, Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски.Гечевски и Чековски официјално нови играчи на Работнички ekipa.mk 5 октомври 2014Гечевски и Чековски потпишаa, Работнички бара нов бек ekipa.mk 6 октомври 2014
Октомври Работнички во првото коло бил слободен бидејќи неговиот противник Т-Баскет го откажал учеството во Лигата поради ненаоѓање на соответна сала.ПРВАТА ЛИГА ОСТАНУВА СО ДЕВЕТ ЕКИПИ, Т-БАСКЕТ ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО tip.com.mk 9 октомври 2014Т-БАСКЕТ: ИСПОЛНЕТИ СИТЕ ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИОНИ БАРАЊА, НО САЛА НЕ МОЖЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ tip.com.mk 9 октомври 2014
Во второто коло во Салата Градски Парк како гостинска екипа, Работнички се сретнал со Водњански Лисици кого го поразиле со 55:91. Најдобар стрелец во екипата бил Ѓорѓи Чековски со 22 бода, кој имал и седум скокови, исто колку и Ивица Димчевски, додека Дарко Соколов забележал осум асистенции.Водњански Лисици-Работнички 55:91 fibalivestats.com 18 октомври 2014
Во третото коло, Работнички му бил домаќин на штипски Гоце Делчев, кој бил поразен со 87:65. Ѓорѓи Чековски постигнал 19 бода, Тодор Гечевски 9 скокови и Дарко Соколов 7 асистенции.Работнички-Гоце Делчев 87:65 fibalivestats.com 25 октомври 2014
Ноември Работнички во четвртото коло повторно бил домаќин, овојпат на главниот конкурент за титулата МЗТ Аеродром. Притоа, при убедливо водство на Работнички (51-35), натпреварот поради публиката бил прекинат. Откако делегатот побарал да биде испразнета трибината на која се наоѓале навивачите на клубот, во знак на протест, екипата на Работнички ја напуштила салата. Потоа, во согласност со правилата на МКФ, комесарот на MКФ, Бобан Јосифовски, донел одлука Работнички да биде исклучен од лигата и префрлен во Tретата лига, а МЗТ Аеродром го добил натпреварот службено, со резултат 0-20. Меѓутоа, клубот се жалел до Арбитражата на МКФ, која ја укинала одлуката за враќање во Третата лига, а предметот повторно го вратил кај комесарот.„Работнички: Одлуката за празнење на трибината беше еднострана“, Дневник, година XVIII, број 5613, понеделник, 10 ноември 2014, стр. 22.„Јосифовски: Да направиме преседан за Работнички да остане прволигаш“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 24-25. Исто така, поради одбивањето за продолжување на натпреварот, биле суспендирани главниот тренер на Работнички - Марин Докузовски на шест месеци и помошникот тренер Марјан Србиновски на три месеци.Работнички во проблеми: Докузовски суспендиран на шест, а Србиновски на „само“ три месеци! sportmedia.mk 20 ноември 2014„За Докузовски шест, а за Србиноски три месеци пауза“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25. Како формален тренер станал капитенот на екипата Јане Петровски.Работнички продолжува во среда, но без тренер derbi.mk 17 ноември 2014Работнички лесно со Струмица, „кулите-близначки“ најефикасни sport365.mk 19 ноември 2014
Во петтото коло Работнички и гостувал на Струмица која ја победил со 54:96. Најефикасен стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 22 бода и девет скокови, а Тодор Гечевски имал 6 асистенции.Струмица-Работнички 54:96 fibalivestats.com 19 ноември 2014
Во седмото коло Работнички му гостувал на Карпош Соколи кого го победил со 63:83. Најистакнати биле Тодор Гечевски со 29 бода и осум скокови и Миљан Павковиќ со 10 асистенции.Карпош Соколи-Работнички 63:83 fibalivestats.com 23 ноември 2014
Куманово 2009 му гостувал на Работнички во осмото коло кој бил поразен со 69:60. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 23 бода и девет скокови, а Димитар Мираковски забележал четири асистенции.Работнички-Куманово 2009 69:60 fibalivestats.com 29 ноември 2014
Декември Во заостанатото шесто коло Работнички му бил домаќин на Кожув. Резултатот гласел 86:70, односно победа на Работнички. Најефикасни биле Тодор Гечевски со 32 бода, Ѓорѓи Чековски со седум скокови и Димитар Мираковски со седум асистенции.Работнички-Кожув 86:70 fibalivestats.com 3 декември 2014
Во деветтото коло гостувал во Кавадарци против Фени Индустри. Работнички победил со 76:84. Најпрецизен бил Димитар Мираковски со 23 бода и 6 асистенции, додека Ѓорѓи Чековски имал 8 скокови.Фени Индустри-Работнички 76:84 fibalivestats.com 6 декември 2014 Во десеттото коло бил слободен. Јануари Во јануари започнале квалификациите за завршниот турнир на Купот на Македонија 2015. Работнички во четвртфиналето се сретнал со Т-Баскет од Тетово. Првиот натпревар во Тетово завршил со победа од 72:91. Дарко Соколов имал 22 бода, Тодор Гечевски единаесет скокови и Миљан Павковиќ завршил со десет асистенции.Т-Баскет-Работнички 72:91 fibalivestats.com 17 јануари 2015 Вториот натпревар во Салата Градски Парк завршил со победа од 123:63. Најистакнати биле Тодор Гечевски и Ристе Стефанов со 21 бод, Ѓорѓи Чековски со девет скокови и Дарко Соколов со седум асистенции.Работнички-Т-Баскет 123:63 fibalivestats.com 24 јануари 2015
Во меѓувреме бил избран нов Одбор на директори на клубот.
Во единаесеттото коло му бил домаќин на Водњански Лисици, кој повторно бил поразен, овој пат со 101:67. Најдобри поединци биле Ѓорѓи Чековски со 25 бода и 14 скокови и Миљан Павковиќ со седум асистенции.Работнички-Водњански Лисици 101:67 fibalivestats.com 31 јануари 2015
Февруари По истекувањето на суспензијата на Марјан Србиновски, тој се вратил како главен тренерКК Куманово денес го пречекува тимот на Карпош Соколи 1mk.org 7 февруари 2015
Во дванаесеттото коло, Работнички го победил Гоце Делчев на гости со 64:81. Дарко Соколов и Тодор Гечевски постигнале по 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал осум скокови, а Миљан Павковиќ завршил со шест асистенции.Гоце Делчев-Работнички 64:81 fibalivestats.com 7 февруари 2015
За Работнички потпишал крилниот центар, Србинот Александар Митровиќ кој дошол од словенечки Златорог Лашко.Србинот Митровиќ потпиша за Работнички, дебитира против МЗТ ekipa.mk 16 февруари 2015Работнички посилен за Митровиќ derbi.mk 17 февруари 2015
Работнички во тринаесеттото коло бил поразен на гости од МЗТ Аеродром со резултат од 78-71. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 19 бода, Тодор Гечевски завршил со 11 скокови, додека Димитар Мираковски имал четири асистенции.МЗТ Аеродром-Работнички 78-71 fibalivestats.com 18 февруари 2015
На завршниот турнир во Купот на Македонија 2015, кој се играл во Спортскиот центар Јане Сандански во организација на МЗТ Аеродром, Работнички се сретнал со Куманово 2009 во полуфиналето. Резултатот бил 76:63 во полза на Работнички. Најефикасен бил Тодор Гечевски со 16 бода, девет скокови и шест асистенции.Работнички-Куманово 2009 76:63 fibalivestats.com 21 февруари 2015
Во финалето на Купот, Работнички играл против Кожув кој бил поразен со 66:74. Најефикасни во екипата на Работнички во финалето биле Ѓорѓи Чековски со 18 бода и шест асистенции и Тодор Гечевски 11 скокови.Кожув-Работнички 66:74 fibalivestats.com 22 февруари 2015 Ѓорѓи Чековски го добил признанието за најкорисен играч на завршниот турнир.Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
Во четиринаесеттото коло во Лигата, Работнички и бил домаќин на Струмица кога ја поразил со 103:59. Најуспешни биле Александар Митровиќ со 23 бода, Игор Бијелиќ со девет скокови и Јане Петровски со девет асистенции.Работнички-Струмица 103:59 fibalivestats.com 25 февруари 2015
Во петнаесеттото коло Работнички му гостувал на Кожув, каде бил поразен со резултат од 85:73. Најдобар стрелец бил Миљан Павковиќ со 23 бода, Ивица Димчевски имал 10 скокови, а Дарко Соколов завршил со четири асистенции.Кожув-Работнички 85:73 fibalivestats.com 28 февруари 2015
Март Во шестнаесетото коло играл дома против Карпош Соколи, кого повторно го победил, со резултат од 89:65. Најдобри биле Ѓорѓи Чековски со 27 бода и 10 скокови и Миљан Павковиќ осум асистенции.Работнички-Карпош Соколи 89:65 fibalivestats.com 7 март 2015
Во седумнаесеттото коло, Работнички бил поразен на гостувањето против Куманово 2009 со резултат 94:88. Истакнати поединци биле Димитар Мираковски со 33 бода, Тодор Гечевски со седум скокови и Миљан Павковиќ со шест асистенции.Куманово 2009--Работнички 94:88 fibalivestats.com 14 март 2015
Во последното коло од Првата лига, Работнички дома го победил Фени Индустри со 91:67. Најуспешни биле Тодор Гечевски со 18 бода, Александар Митровиќ со 10 скокови и Миљан Павковиќ со 11 асистенции.Работнички-Фени Индустри fibalivestats.com 21 март 2015 Работнички завршил на второто место во Првата лига.
Пред почетокот на натпреварите од Суперлигата, Работнички се засилил со српскиот кошаркар од Босна и Херцеговина - центарот Марко Ѓурковиќ кој дошол од романски Газ Метан.„И Работнички се засили за Суперлигата“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.