Арапско-римски војни — низа војни водени помеѓу арапските муслимани и Римското Царство во периодот од 7 до 11 век. Судирот започнал за време на почетните муслиманските освојувања преземени од Праведниот Калифат и Омејадите во 7 век.

Избувот на Арапите од Арапскиот Полуостров (сега Саудиска Арабија) во 630-те години резултирало со брзо губење на јужните покраини на Римската Империја (Сирија и Египет). Во текот на следните педесет години муслиманите започнале нови напади најпрвин во Мала Азија, а подоцна се заканиле и на римската престолнина Константинопол, град кој бил ставен под опсада во два наврати. Во исто време муслиманите започнале со освојување на африканските римски покраини. Ситуацијата не се стабилизирала до Втората арапска опсада на Цариград во 718, кога Таур станал граница меѓу двете империи. Во времето на Абасидите, односите меѓу двете земји се стабилизирале кога биле отворени амбасади но конфликтите продолжиле и во 10 век.

Во првите векови, Римјаните најчесто играле одбранбена политика и ги избегнувале отворените битки на поле. Со падот на Абасидите и зацврстување на империјата под Македонската династија, Римјаните во периодот од 920-976 година ги подобриле своите позиции и повторно ги зазеле северниот дел од Сирија и Ерменија. Ситуацијата целосно се променила со појавата на Селџуците во 1060-тите.

Заднина

Постојаните војни меѓу Персија и Римската Империја кон 6 и 7 век, и периодичната појава на епидемијата од чума (Јустинијанова чума) ги оставила и двете империи исцрпени и ранливи во лицето на ненадејната појава и ширење на исламот. Последната војна со Персија завршила со победа на Рим, а Ираклиј I ги вратил изгубените територии во Сирија и Палестина заедно со Ерусалим во 629 годинаTheophanes, Chronicle, 317–327* Greatrex–Lieu (2002), II, 217–227; Haldon (1997), 46; Baynes (1912), passim; Speck (1984), 178.

Но со арапското ширење, на муслиманите им биле потребни само неколку години да го освои овој дел од Блискиот Исток. Според Џорџ Лиска, патот на исламот бил отворен поради непотребната војна на Рим и ПерсијаLiska (1998), 170.

Кон крајот на 620-те, Мухамед веќе успеал да ја освои и обедини голем дел од Арабија под муслиманска власт. Во тоа време се одржале и првите римско-муслимански судири. Само неколку месеци кога Ираклиј и Шахрбараз се договориле за условите за повлекување на персиските војски од окупираните римски источни покраини во 629, арапските и римските војници ја започнале Битката кај Мутах. Мухамед починал во 632 година и бил наследен од страна на Абу Бакр, првиот муслимански калиф кој започнал со консолидација и своите сили и создавање на голема муслиманска држава на полуостровотNicolle (1994), 14.

Муслимански освојувања

Според муслиманските биографи на Мухамед, тој ја добил информацијата дека римските сили се наоѓале во северниот дел на Арабија и имале намера да го освојат целиот полуостров. Така, муслиманската армија предводена од Мухамед заминала кон Табук, во денешна северозападна Саудиска Арабија, со намера да ја спречи римската армија, но овие информации се покажале како неточни"Muhammad", Late Antiquity; Butler (2007), 145. Иако тоа не претставувала битка во типична смисла, овој настан претставувал прв арапски напад кон Римјаните. Од страна на поголемиот дел од историчарите, се смета дека првиот конфликт меѓу двете сили се случил во Битката кај Мутах, но и ова не е сосема сигурно.

Арапско освојување на Сирија

350px|thumb|right| Во Левант, инвазијата на Праведниот Калифат била пречекана од римската војска составена од императорска и локална армија. Според исламските историчари монофизитите и Евреите низ Сирија ги поздравиле арапските освојувачи бидејќи тие не биле задоволни од римското управување.

Римскиот цар Ираклиј се разболел и не бил во можност лично да ја води својата армија во походот во Сирија и Палестина во 634 година. Во Битката кај Аџнајдан, муслиманските сили постигнале голема победаNicolle (1994), 47–49. По победата Фахл, муслиманските сили го освоиле и Дамаск во 634 година на чело со Калид ибн ал-Валид. Римскиот одговор на тоа вклучувало собирање и испраќање на голем број на војници за да се вратат одземаните територии.Kaegi (1995), 112

Во Битката кај Јармук во 636 година, Римјаните претрпиле голем пораз со кое Сирија била освоена. Јован Зонара за овој настан напишал: од тој момент, патот на освојувањето и расграбувањето на целата територија на Римјаните беше отворенZonaras, Annales, CXXXIV, 1288* Sahas (1972), 20. Муслиманските освојувања продолжиле преку освојување на Ерусалим во април 637 година, Газа во летото на 637 година, Антиохија кон крајот на 637 година. Во тој период, муслиманските сили ги имале заземено цела Северна Сирија, освен горниот дел од Месопотамија, кои биле освоени по една година примирје.Kaegi (1995), 67

По истекотт на примирјето во 638-639 година, Месопотамија исто така била заземена заедно со Ерменија, Палестин и Аскалон. Во декември 639 година, муслиманите заминале од Палестина кон Египет.

Арапско освојување на Северна Африка Арапско освојување на Египет

Во времето кога Ираклиј починал, поголемиот дел од Египет бил освоен од муслиманите. Со сила од околу 4,000 војници на чело со Амр ибн ал-Ас, муслиманските сили влегле во Египет кон почетокот на 640 година. По ова, муслиманите добиле засилување дополнителни 12,000 војници. Најпрвин муслиманите ја нападнале Александрија, и Римјаните, кои биле шокирани од ненадејната загуба на толку голема територија, биле принудени да се откажат од градот во септември 642 годинаKennedy (1998), 62. По падот на Александрија, муслиманите продолжиле со својата воена експанзија во Северна Африка. Во 643-644 година била заземена КиренајкаButler (2007), 427–428. Осман ибн Афан починал и бил наследен од ОмерDavies (1996), 245, 252.

За време на неговото владеење, римската морнарица успеала накратко да ја врати Александрија по Битката кај Никиоу.Butler (2007), 465–483. Во 652 година муслиманите започнале инвазија во Сицилија, Кипар и Крит. Според арапските истиооричари локалните христијански копти ги поздравиле арапските освојувачи. Загубата на овие области на Римската Империја ја чинела загуба на големо количество пченица, кое предизвикало и недостиг на хранаHaldon (1999), 167; Tathakopoulos (2004), 318.

Арапско освојување на Африкански егзархат

Во 647 година, арапската војска предводена од Абдула ибн ал-Сад извршила инвазија во Африканскиот егзархат. Триполитанија била освоена, проследено со Суфетула, а самиот римски управник Григориј бил убиен. По овој настан, Абдула се вратил во Египет во 648 година бидејќи наследникот на Грогориј, Генадиј, му ветил годишен данок од околу 300.000 номисмиTreadgold (1997), 312.

По крајот на муслиманската граѓанска војна, власта била преземена од Омејадите на чело со Муавија I. Во нивно време продолжило освојувањето на Северна Африка и Арапите стекнакле можност да се движат низ големите територии на Магреб. По ова следувало и закана кон Визиготско Кралство во денешна ШпанијаRead (2001), 51, но тоа завршило со успех дури откако била заземена Картагина во 695-698 година.

Муавија продолжил со консолидирање на арапските територии од Аралско Море до западната граница на Египет. По назначување на гувернер во Египет, муслиманските сили продолжиле кон Анадолија во 663 година. Во периодот од 665 до 689 година започнала нова северноафриканска кампања, во која арапската армија составена од околу 40.000 војници и нанела пораз на римските сили кај градот Барса. Во 670 година започнала инвазијата на ТунисNorwich (1990), 334, каде Кајруан станал главен град на исламската покраина Ифрикија, кој станал еден од најголемите арапско-муслимански средишта во средниот векThe Islamic World to 1600: Umayyad Territorial Expansion ..

Арапски напади на Анадолија и опсада на Цариград

Главно размислување кај исламските учења во времето на Омејадите било уништување на неверниците, во преден план на Римската Империја. По освојувањето на Сирија, гувернерот на покраината а подоцна и калиф, Муавија I, претставувал движечка сила во муслиманските напори проти Римската Империја, особено од страна на неговата флота која извршила големи напади врз римската морнарица околу римските острови и брегови. Во 649 година муслиманите создале морнарица составена од Монофизити, Копти, и други сириски христијани. Ова резултирало Римската Империја да биде поразена во Битката кај Феникс во 655 година, по кое муслиманскиот пат кон Средоземјето бил отворенPryor & Jeffreys (2006), p. 25Treadgold (1997), pp. 313–314 . По овие успеси, муслиманите се подготвиле за опсада на Цариград.

Трговската размена меѓу муслиманскиот и христијанскиот свет во овој период речиси била целосно запрена, изолирајќи ја Западна Европа од настаните во муслиманскиот свет. Опсадата на Константинопол започнала во 674 година, но како еден од главните фактори за одбрана на римската престолнина бил т.н. течен оган кој помогнал во поморските битки на Римската Империја. По неговата победа во граѓанска војна, Муавија започнал серија напади против римските територии во Африка, Сицилија и Источниот Регион. Во 670 година, муслиманската армија навлегла во Мраморно Море и останала во Кизик во текот на зимата. По поразот во 678 година, муслиманите дополнително доживеале неколку загуби поради големото невреме. Во Битката загинал и Ејуп Ајуб Абу ал-Ансари, следбеник на пророкот Мухамед. Тој со својата армија дошол во Константинопол за време на првата арапска опсада на градот. Денеска неговиот гроб се наоѓа во Истанбул.

Арапски напади на Африка и Сицилија

Неуспехот на опсадата била проследена со натамошни пресврти низ големата муслиманска империја. Третиот гувернер на Африка, Зухрир, бил соборен од големата римска армија предводена од Константин IV за повторно враќање на Картагина. Во меѓувреме во Арабија и Сирија избила втората граѓанска војна. Ова било искористено од Јустинијан II, кој по успешната кампања склучил примирје, согласувајќи се за заедничка сопственост на Ерменија, Иберија и Кипар. Но по катастрофалниот порад кај Севастополис, муслиманите ја освоиле Ерменија. Картагина исто така ја освоиле во 698 година. Периодот од 705-711 година (второ владеење на Јустинијан II РинотметDavies (1996), 245) било одбележано со арапските победи во Мала Азија и граѓанските немири. Римската Империја ги изгубила Мопсуеста и Тијана, во 709 година навлегле дури во Тракија, а Римската Империјасе соочувала со внатрешни немири околу власта. Во такви услови муслиманите започнале подготовка за втора опсада на Цариград. Во текот на 717 година, една голема арапска армија се упатила кон престолнината на Римската Империја. Таа броила околу 80.000 души и истата била предводена од страна на Маслама, брат на калифот Сулејман ибн Адд ал-Малик, околу 1.800 воени бродови. Градот бил од сите страни најпрвин заобиколен а со тоа и опседнат. Царот Лав III Исавријанин побарал помош од повеќе земји во Европа, како и до бугарскиот хан Тервел. Тој испратил војска кон градот и со помош на Римската Империја во битката им нанеле пораз. Настапила многу студена зима по кое муслиманите биле приморени да се повлечат.

Стабилизација на границата (718-863) thumb|350px|Карта која ја покажува границата меѓу двете империи. Првата фаза од муслиманските освојувања завршила со опсадата на Цариград во 718, а границата меѓу двете империи останала непроменета и таа се наоѓала по планините од Источна Анадолија. Постојаните напади и противнапади продолжиле на двете страни, но желбата за целосно освојување на Римската Империја од страна на калифатот се намалила. Ова довело до дипломатски контакти и признавање на двете империи.

Во следниот период, во Римската Империја започнало т.н. иконоборство чија прва фаза завршила во 787 година, додека втората во 842 година. Во времето на Македонската династија, римските сили се ориентирале кон офанзивни напади кон Абасидите, чија територија во Анадолија била заземена од Селџуците во 1071 година.

Крајот на Омејадите и иконоборството