Патас или гусарски мајмун () — наземен мајмун од полусувите предели на Западна и дел од Источна Африка. Ова е единствениот вид од родот патаси (Erythrocebus). Последните филогенетски наоди покажуваат најблиско сродство со зелениот мајмун или „вервет“ (Chlorocebus aethiops), што укажува на потребата од прекласификација.
Ова животно може да се види во Зоолошката градина во Скопје.
Таксономија Бројот на подвидови на патасот сè уште не е сосема утврден. Според едни извори постојат четири подвида, а според други, само два: обичниот патас (Erythrocebus patas patas) со црн нос и ниснасот (Erythrocebus patas pyrrhonotus) со бел нос, кој живее на исток.
Изглед мини|лево|Мало мајмунче. Мајмунот има должина од до , не сметајќи ја опашката, која е долга . Мажјаците се значително поголеми од женките кои имаат должина од ..Kurt J. Gron (2006), Primate Factsheets: Patas monkey (Erythrocebus patas) Taxonomy, Morphology, & Ecology. Accessed 2018 July 23. Q.v. for references. Возрасните мажјаци се во просек 12,4 кг додека возрасните женки се 6,5 кг, што покажува висок степен на полов диморфизам. Патасот е најбрз од сите примати, достигнувајќи брзина од .
Животниот век во дивината може да трае до околу 20 години.
Поведение мини|десно|Поштење — друштвено поведение. Живеат во групи до 60 единки, со повеќе женки и по еден возрасен мажјак. Забележани се и многу поголеми групи. За време на сезоната за парење, во групата доаѓаат повеќе мажјаци. Кога мажјакот ќе достигне полова зрелост (обично на возраст од 4 години), ја напушта групата и преминува во група од исклучиво машки единки. Возрасните женки во групата решаваат кога групата треба да се движи, а мажјаците ги следат.
Тревожни огласувања Овие мајмуни имаат неколку различни тревожни огласувања со кои ги предупредуваат другите на опасност. Огласувањата се разликуваат според единката што ги оддава (возрасна женка, возрасен мажјак, младо итн.), како и според типот на грабливец кој ги демне. За разлика од другите примати, патасите ретко бегаат од непријатели по дрва, што веројатно се должи на тоа што средината им е оскудна со висока растителност. Во случај на опасност, ес бранат со бегање, а некои единки знаат да напаѓаат непријатели како шакали и диви мачки. Ова важи како за мажјаците, така и за женките.
Живеалиште Патасот избегнува густи шуми и живее на поотворени савани и полупустини. Има извонредно голема родност, што веројатно е еволутивно решение за големата стапка на смртност со која се соочуваат поради наземниот живот.
Исхрана Овие мајмуни се хранат со инсекти, смола, семки и кореништа, што впрочем е посвојствено за помалите примати.
Галерија
Поврзано Старосветски мајмуни
Наводи
Книжевност
Надворешни врски
Primate Info Net Erythrocebus patas Factsheet
Категорија:Старосветски мајмуни Категорија:Цицачи на Африка Категорија:Цицачи на Буркина Фасо Категорија:Цицачи на Уганда Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје