Григориј III Цариградски — Вселенски патријарх за време на периодот од 1443 до 1450 година. Не се знае многу за неговиот живот. Не се знае ни неговото презиме. Во неповерливата Chronicum Majus на Георгиј Сфранцес, забележано е дека потекнува од Крит, и неговото првично име било Мелисен. Во други дела се споменува како Мелисен Стратегопул.
Тој се замонашил во 1420 година и се верува дека бил исповедник на царот Јован VIII.Προκοπίου Τσιμάνη, Από υψηλή σκοπιά οι Πατριάρχαι Κωνσταντινουπόλεως, Αθήνα 1981, τόμ. Α΄, σελ. 55 Тој бил поддржувач на унијата со католиците и учествувал на Фирентинскиот собор. Тој бил избран за патријарх по смртта на Митрофан II.
Григориј направил сè што можел за да ги помири монасите, и црковната хиерархија, и граѓанството со договорот од Фиренца, но се било залудно. Негов најголем противник бил Генадиј II и Јован Евгеник, кој нашироко пишувал против соборот. Водечкото антиунионистичко свештенство одбило да се моли за својот цар. Тензијата во свештенството нараснала до тој степен што Григориј го напуштил своето место, и заминал во прогон во Рим во август 1451 година.Donald M. Nicol, The Last Centuries of Byzantium, 1261-1453, second edition (Cambridge: University Press, 1993), pp. 371f Тој бил примен од страна на папата Никола V, кој му помогнал финансиски и му вршел притисок на византискиот цар повторно да го стави да начелствува. Навистина, проунионистите во латинско освоените делови на Грција продолжиле да го сметаат за легитимен Цариградски патријарх, занемарувајќи го неговиот наследник, антиунионистот Атанасиј II.
Григориј починал во Рим во 1459 година. Тој бил почитуван како светец и чудотворец од страна на католичката црква. Тој напишал два трактати за confutation за делата на антиунионистичкиот епископ Марко Евгеник, и еден за потеклото на Светиот дух. Некои од неговите писма се зачувани, додека останатите три необјавени теолошки трактати, За неквасениот леб, За првичноста на папата и За небесното Beatitude.
Наводи
Извори Ecumenical Patriarchate
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1459 година Категорија:Византијци од 14 век Категорија:Византијци од 15 век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Несигурна година на раѓање