Љубе Пота (, - , ) — македонски архитект, пионер во неговата бранша во современа Македонија.

Животопис Пота е роден на 3 декември 1918 година во Крушево. Дипломирал во 1948 година, на Архитектонскиот отсек при Техничкот факултет во Белград на тема „Урбанистички план на Тетово“, кај професор Михајло Радовановиќ. Урбанистичката кариера ја започнал во 1948 година како шеф на Одделот за урбанизам во Министерството за Комунални работи на Македонија. Во 1964 година би назначен за директор на новоформираната Управа за урбанизам на Град Скопје, каде што работел до 1968 година, а пота бил назначен за советник на претседателот на Град Скопје, функиција што ја извршувал до 1978 година кога е именуван за подсекретар во министерството за урбанизам. Од 1980 до 1986 година ја извршувал функцијата проект менаџер на ОН во проектот Генерален план на Никозија, Кипар. Како стручњак на Обединетите нации, тој работел во земјите во Јужна и Средна Америка. Пота соработувал и со јапонскиот архитект Кензо Танге во изработка на Деталниот урбанистички илан за средиштето на Скопје. Починал во Скопје на 30 јули 2015 година.Почина првиот македонски архитект – урбанист Љубе Пота

Наводи

Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Македонски архитекти Категорија:Југословенски архитекти