Фојник (, , Финики) — село и општина во јужна Албанија, 8 км од брегот на Јонското Море и 20 км северно од границата со Грција. Административно претставува дел од Валонската област, а се наоѓа во историската област Северен Епир. Општината е создадена во 2015 г. со реформа на месната управа, спојувајќи ги дотогашните општини Алико, Дебар, Фојник, Ливаѓе и Месопотам, кои сега се општински единици. Административен центар е селото Дермиш. Во 2011 г. општината имала 11.862 жители и зафаќала . Општинската единица Фојник (поранешната општина) по истите податоци има 1.333 жители.

Мајчин јазик на жителите е грчкиотBadlands-Borderland: A History of Southern Albania/Northern Epirus by T.J. Winnifrith,ISBN 0-7156-3201-9,2003,Page 69,"... 16. Greek-speaking children in modern Finiq ...". Општинската единица Фојник се состои од селата Фојник, Буроња, Члирим, Вриони, Караџа, Брегас (Вромеро) и Сајани (Блеримас).

На подрачјето на општината се наоѓа античкиот град Фојника — центар на епирското племе Хаонци.

Поврзано Фојника Хаонци

Наводи

Наводи

Надворешни врски Општински портал на Фојник

Категорија:Села во Албанија Категорија:Валона (област) Категорија:Епир