Митрофан III Цариградски (, 1520 - 1580) — Вселенски патријарх двапати, од 1565 до 1572 и од 1579 до 1580 година.
Живот Митрофан се родил во 1520 како син на бугарски трговец во селото Аја Параскеви (сега дел од Истанбул), од каде го добил прекарот „Византиј“ („од Византион“). Неговото оригинално име се среќава како Мануил или Ѓорѓи.
Во 1546 тој бил назначен за митрополит на Кајсери од страна на неговиот личен пријател Дионисиј II, кој го испратил Митрофан во Венеција, главно поради собирање на финансиски средства, но Митрофан исто така заминал и во Рим и се запознал со папата. Во 1548 овие новости предизвикале голема загриженост кај дел од грчкото население во Цариград, проследени со немири и обид за убиство на Дионисиј, кого го сметале за виновен како и Митрофан. Дионисиј бил на работ на симнување од престолот, но никакви мерки не биле преземени против него бидејќи тој ја имал поддршката од султанот Сулејман Величествениот. Митрофан бил депозициониран од неговиот епископски престол, но во 1551 му било простено и заминал да живее во манастирот „Света Троица“ на островот Халки, за кој се грижел и ја прошилил библиотеката.
Тој првпат бил избран за патријарх во јануари или февруари 1565 поддржан од богатиот и влијателен Михаел Кантакузин Шејтаноглу. Тој владеел седум години и се обидел да ги подобри финансиите на патријаршијата преку патување во Молдавија. Тој бил слободоумен писмен човек и добро настроен спрема Западот, спрема католиците и протестантите.
Тој бил симнат од престолот на 4 мај 1572 кога Михаел Кантакузин ја пренел својата поддршка на младиот и брилијантен Еремија II. По неговото депозиционирање, за да му се дадат финансиски приходи, тој бил назначен за епископ на Лариса и Хиос и се вратил да живее во „Манастирот Света Троица“ на островот Халки, во близина на главниот град.
По неговите обиди да се врати на престолот, во 1573 тој бил прогонет на планината Света Гора. Шест години подоцна, по погубувањето на Михаел Кантакузин и убиството на големиот везир Мехмед, Еремија ги загубил своите поддржувачи и Митрофан бил успешно вратен на престолот на 25 ноември 1579. Тој починал неколки месеци подоцна, на 9 август 1580, погребан во Манастирот Богородица Памакаристос, во тоа време патријаршиската катедрала.
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Родени во 1520 година Категорија:Починати во 1580 година Категорија:Луѓе од Истанбул Категорија:Бугарски православни епископи Категорија:Бугари од 16 век Категорија:Православни епископи од 16 век Категорија:Бугари од Источна Тракија Категорија:Епископи на Лариса