Иваново — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 38 километри северозападно од градот Петрич и на 40 километри западно од Свети Врач, во севериот дел на планината Огражден. Селото се наоѓа на надморска висина од 790 метри. Село Иваново се намира в северните склонове на планината Огражден. Соседни села на Иваново се Крнџилица и Драгуш.
Историја Османлиско Царство
Според легендата, селото Иваново било основано пред повеќе од два века од жители на Берово, кои побарале прибежиште од некој турски насилник и нашле заштита недалеку од легендарниот Марков врв.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Иваново (Yvanovo) се состоело од 42 куќи од кои 172 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 175 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 184 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848.
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Пред одземањето со земјиштето, околу 360 луѓе живееле во селото и во соседната населба Занога. По 1960 година, населението масовно го напуштило селото. Голем дел од жителите на селото Иваново и нивните потомци денес живеат во градот Петрич и селото Парвомај.
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија