Бадуариј — византиски војсководец, активен за време на владеењето на Јустинијан I (527–565) во Мала Скитија (денес Добруџа).

Историчарот Патрик Амори смета дека името Бадуариј е со германско потекло.Amory, p.484 : "Other Byzantine officers active in the Balkans and bearing Germanic names included Baduarius dux Scythiae, Ascum MVM per Illyricum ... and Chilbudius MVM per Thracias" Бадуариј се споменува во записите на Јован Малала, Јован Никијски, Теофан Исповедник и Георги Кедрин. Тој се спомнува како „стрателат на Скитија“, најверојверојатно магистер милитум. Во 528 година, Бадуариј и Годила воделе воен поход од Одес (денес Варна) против хуните на Крим. Под водство на Мугел, хуните освоиле византиски територии на брегот на Црното Море.Martindale, Jones & Morris (1992), pp. 163–164

Исто така во 528 година, Бадуариј се спомнува во Дукс Скити. Тој и Јустин, Дукс на Мизија, ги здружиле силите во битка против странски напаѓачи. Малала запишал дека „хуните“, кои Теофан ги идентификува како бугари, се оние кои ја нападнале Скитија и Мизија. Како и да е, византијците ја загубиле битката. Јустин бил убиен и напаѓачите навлегле во Тракија. Јустин бил наследен од Константиол.Martindale, Jones & Morris (1992), p. 352

Додека се одвивале дејствата против напаѓачите, Бадуариј не се спомнува како учесник во истите. Со подоцнежните битки кои се одвивале на оддалеченост од Мала Скитија, можно е да немал никакво учество во истите. Неговата судбина не е позната. Помлад Бадуариј се појавува во времето на владеењето на Јустин II (565–578). Според делото Просопографија на доцното Римско Царство се верува дека помладиот Бадуариј можно е да бил син или внук на стрателатот на Скитија.

Наводи

Извори

Категорија:Византијци од 6 век Категорија:Војсководци на Јустинијан I