Мендово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во планински реон на Огражден, на 9 километри западно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 4.065 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 212 метри. Јужно од селото Мендово тече реката Струмица.

Во атарот на селото се наоѓа месноста Четиринаесет Чинари која е прогласена за споменик на природата со цел да се заштитат големите повеќевековни чинари кои го красат подрачјето.

Историја Османлиско Царство

Село Мендово било основано за време на османлиската власт. Првите жители на селото биле Турци. Во селото имало џамија, а денес можат да се видат остатоци од стариот турски пат.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. За време на Балканските војни, муслиманското население се отселило од местото.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во селото се населиле жители од Долна Рибница. Следната 1913 година било откриено училиштето „Свети Отец Пасиј’, и истото работело до 1989 година.

Население +Население на Мендово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 242 364 294 303 223 207 185 133 101 99

+Население по возраст од 2011 година:

Редовни настани Петровден — селска слава

Поврзано Четиринаесет Чинари

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија