Joseph Bringas — важен византиски евнух службеник во периодот на владеењето на Константин VII (945–959) и царот Роман II (959–963), кад служел како главен советник и регент. идејќи неуспешн се спротивставил на доаѓањето на власт на Никифор II во 963 година, тој бил протеран во манастир, каде починал во 965 година.
Животопис
Современикот историчар Лав Ѓаконот запишал дека Вринга потекнува од Пафлагонија.. Тој постепено се изигнувал во царската служба до ранкот на патрикиј и дворското место препозит. Царот Константин VII го назначил првично како сакеларииј а подоцна и како друнгариј (адмирал) на царската флота, позиција која ја имал во периодот кога починал царот.. Кога синот на царот Константин VII, Роман, седнал на престолот, тој го назначил Вринга за негов паракоимомен. Младиот византиски цар сакал да го минува времето во лов, и поголемиот дел од државните работи му ги препуштил на Вринга.; . Во ова својство, Вринга разоткрил заговор против Роман предводен од група на благородници поврзани со магистратот Василиј Петеин. Заговорниците биле уапсени, измачуани и протерани, но повеќето од нив, со исклучок на Петеин, биле повикани наад...
Кога царрот Роман II починал ненадејно на 15 март 963 година, оставајчи ги синовите Василиј II и Константин VIII (пет и две или три години), го поставил Вринга како де факто владетел на државата, иако според традицијата, царицата Теофано била назначена за регент.... Теофано не му верувала на Вринга, сепак, моќниот паракоимомен имал и други непријатели: неговиот претходник и соперник, Василиј Лакапин, и успешниот и нашироко познат војсководец Никифор Фока, кој штотуку се вратил од неговото освојување на Критскиот емират и успешните грабежи на Киликија и Сирија, што довео до грабеж и на главниот град на Хамданидите, Алеп...
Фока го посетил главниот град и го прославил својот триумф во април 963 година, но го обвинил Вринга дека заговара против него, и побарал заштита во Аја Софија. Таму тој ја стекнал поддршката на Цариградскиот патријарх, Полиевкт, и со негова поддршка бил повторно поставен за војсководец на истокот, и покрај противењата на Вринга. Вринга се обратил до Маријан Аргир, војсководец на западот, и му го понудил византискиот престол.Во исто време, му пишал на стратегот на Анадолија Јован I, внукот на Фока и еден од најважните генерали, нудејќи му го местото на Фока. Наместо тоа, Цимискиј му го покажал писмото на Фока и го бнатерал да дејствува. Војската на Фока го прогласила за цар на 2 јули 963 година, по што се упатил кон Цариград. Во главниот град, донел војска, ги запленил сите бродови за да спречи преминување на Босфор од страна на бунтовниците, дури и го земал како заложник таткото на Никифор, Варда Фока. Сепак населението во градот, го поддржало бунтот, и како што наближувале бунтовниците, се кренале против Вринговата армија, поддржани од патријархот и Василиј Лакапин, кои наводно вооружиле 3.000 нивни поддржувачи и ги пратиле да се борат.; .
Судирите на улиците траеле три дена, и на крајот, победиле поддржувачите на Фока. Вринга бил приморан да пребегне во Аја Софија барајќи заштита, дидека пак Василиј Лакапин го певзел местото паракоимомен и го пречекал Никиор ока во градот, каде бил крунисан за цар на 16 август. Вринга првично бил протеран во Пафлагонија, и подоцна во аскетскиот манастир во Питија близу Никомедија, каде починал во 965 година..
Наводи
Извори
Категорија:Починати во 965 година Категорија:Византијци од 10 век Категорија:Византиски адмирали Категорија:Византиски службеници Категорија:Родени во непозната година