Сигмапрес — македонска издавачка куќа, со седиште во Скопје
Историјат Издавачката куќа ја основа Коста Бојаџиевски, во 1993 г.
Организација и менаџмент Седиштето на издавачката куќа „Сигмапрес“ се наоѓа на ул. „Никола Тримпаре“ 22, 1000 Скопје. одговорен уредник: Маја Бојаџиевска
Издавачка дејност Сигмапрес е издавачка куќа специјализирана во областа на теоријата на книжевноста и филозофијата, со посебен акцент на феминистичката филозофија и литературна критика (колекција "Ф"), и на културолошките студии. Но нејзиниот каталог опфаќа и илустрирани монографии како и изданија од областа на белетристиката, есеистиката и поезијата.
Теорија на книжевноста Славица Србиновска, Книжевноста и политиките на претставувањето (2014) Ирина Талевска, Родот и политиката на писмото (2013) Мирјана Недева, Поетиката на авантуристичкиот роман (2013) Славица Гаџова, Книжевноста и дискурсите на моќта (2013) Славица Србиновска прир., Книжевност и филозофија (2012) Редклиф Браун, Структура и функција на примитивното општество (2001) Торил Мои, Сексуална/Текстуална политика (2001) Миглена Николчина, Смисла и мајкоубиство (2000) Маја Бојаџиевска, Андрогин -Утопија на совршениот пол (1999)
Општествени науки / Филозофија / Феминистичка теорија / Културолошки студии Џорџо Агамбен, Homo Sacer - Суверената моќ и голиот живот (2014) Габриела Ивановска, Од мит до идеологија - (Зло)употреба на дискурсите на моќта и книжевноста (2013) Маја Бојаџиевска, Ирина Талевска, прир., Фашизам (2013) Примо Леви, Дали е ова човек (2012) Антропологија на сексуалноста, Зборник на текстови од Мари Делкур, Жан Пјер Вернан, Рене Жирар и Гејл Рубин (2011) Славица Србиновска, Книжевност, филм, популарна култура (2011) Рајна Кошка Хот, Славица Србиновска, Маја Бојаџиевска, прир., Феминизам и род - Лексикон (2010) Сандра Харднинг, Дали е науката мултикултурна? (2004) Џоан Карлсон Браун, Карол Бон, прир., Христијанството, патријархатот и злоупотребата (2003) Фатима Мерниси, Превезот и машката елита (2003) Најра Јувал Дејвис, Родот и нацијата, (2001)
Есеи Дубравка Угрешиќ, Култура на лагата (антиполитички есеи) (2011) Славица Србиновска, Низ призмата на другиот (2003) Дубравка Угрешиќ, Забрането читање (2002) Маја Бојаџиевска, Цинични есеи (2007)
Белетристика Санта Аргирова, Портрет од Дрезден (2015) Дубравка Угрешиќ, Нема никој дома (2014) Вирџинија Вулф, Кон светилникот (2014) "Четири нови романи во издание на Сигмапрес", Окно, 04.01.2014 Микела Мурџа, Акабадора (2014) Агота Кристоф, Големата Тетратка (2014) Мирјана Новаковиќ, Стравот и неговиот слуга (2014) Средба, Антологија на турскиот расказ на XX век / прир. Хусеин Озбај (2003) Време слично на јастреб, Антологија на бугарскиот расказ во XX век / прир. Пенка Ватова, Маја Петрова (2000) Мајсторски раскази од германско јазично подрачје / прир. Ранка Грчева (2000) Тајна игра, Антологија на италијанскиот расказ на XX век / прир. Анастасија Ѓурчинова (1996) Шуми под море, Антологија на кратката прозна форма во француската литература / прир. Влада Урошевиќ (1994)
Поезија Ацо Шопов, Песни фототипско издание на збирката од 1944 г. (2014) Хомерски химни / Препев, предговор и белешки: Марија Чичева-Алексиќ (2011) Јасмина Шопова, Сенгор – Шопов: Паралели = Senghor : Parallèles (2006)
Илустрирани монографии Донка Барџиева, Свети Пантелејмон Нерези (2004) истото издание е објавено и на англиски Јасмина Шопова, По–трагите на Ацо Шопов (2003) Boris Čipan, St. Sophia, The Cathedral Chirch of the Ohrid Archbishopric: a Chronology of the Architecture (1996) Борис Чипан, Света Софија, катедрален храм на охридската архиепископија: хронологија на архитектурата'' (1995)
Наводи
Надворешни врски Сигмапрес "Четири нови романи во издание на Сигмапрес" Санта Аргирова: Портрет од Дрезден, Сигмапрес, 2015 Сенгор – Шопов: Паралели, Сигмапрес, 2006 По-трагите на Ацо Шопов, Сигмапрес, 2003 Ацо Шопов, Песни, Сигмапрес, 2014
Категорија:Македонски издавачки куќи