Американски бизон () наречен и бафало () — вид бизон од тревните предели на Северна Америка. Некогаш живеел огромни стада, но во XIX е доведен до раб на истребување поради прекумерниот стопански лов и болестите префатени од домашниот добиток. Во поново време бројноста му е зголемена, но ова е ограничено на неколку национални паркови и резервати. Изворното живеалиште на бизонот сочинувало триаголник помеѓу Големото Мечкино Езеро во најсеверозападниот дел на Канада, на југ до сојузните држави и Дуранго и Нов Леон во Мексико, а на исток до источното крејбрежје на САД, од Њујорк до Џорџија, па дури и до Флорида и Северна Каролина.Project Gutenburg E Book - The Extermination of the American Bison
Постојат два подвида: рамничарскиот бизон (Bison bison bison), кој е помал и со позаоблена грпка, и шумскиот бизон (Bison bison athabascae), кој е повисок и има поаглеста грпка. Шумскиот бизон е трет вид по големина меѓу говедата во светот, веднаш зад гаурот и индискиот бивол. Во денешно време претставува најголемото копнено животно на американските континенти.
Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.
Опис Бизонот достигнува 2,5-3 м во должина и до 2 м во висина. Има густи влакна со сиво-кафена боја, а на главата и вратот тие се црно-кафеави, иако се среќаваат и необично светли единки. Предниот дел од телото е прекриен со подолги влакна. Главата е масивна, со широко чело. Нозете му се кратки и дебели и се разидуваат на страна, а на краевите пак се враќаат навнатре. Ушите се кратки и тесни; очите — големи и темни, а вратот кус.
Предницата на телото има грпка и е многу поразвиена од задната страна. Опашката му е кратка, со долг густ перчин на крајот. Нозете се ниски, но многу силни. Женктие се значително помали од мажјаците, кои достигнуваат тежина до . Американскиот бизон е мошне сличен на еврпоскиот, дотколку што некои научници претпоставуваат дека не е засебен вид, туку видоизменет европски бизон (зубар).
Разликуваме два подвида на американски бизон — рамничарскиот и шумскиот бизон , кои јасно се разликуваат по градба и крзнотоBison Specialist Group North America.. thumb|Рамничарски бизон thumb|Шумски бизон
Особености на рамничарскиот бизон: главата е крупна, коса меѓу роговите е густа, а самите рогови ретко се издаваат повисоко од косата; највисокиот дел на грпката е сместен над предните нозе, има густа брада и изразена грлена грива издадена над градите, добро изразена крзенна наметка, а по боја е посветол од шумскиот бизон; помал е и полесен од шумскиот бизон.
Особености на шумскиот визон: главата му е помала, со темни шишки пред и над челото, а роговите се издаваат над шишките; највисокиот дел на грпката е сместен пред предните нозе, има лелеава брада и недоразвиена грлена грива, неизразен крзнен плашт; крзното обично му е потемно отколку она на рамничарскиот бизон; покрупен е и потежок од рамничарскиот бизон
Американскот бизон слободно се вкрстува со европскиот бизон (зубар). Добиеното животно е плодно и се нарекува „зубробизон“ или „бизонозубар“.
Поведение мини|десно|Младо теле Во минатото, бизоните лете паселе по широките рамници на север, а зиме преоѓале во шумовити предели на југ, кајшто е потопло.
Рамничарските бизони се хранат претежно со трева, и тоа до дневно. Шумските јадат и мов, лишаи и гранки. Можат да наоѓаат храна во снег на длабочина од 1 метар. Густото крзно добро ги штити од студот и лесно поднесуваат ниски температури до -. Зимно време бараат подрачја со помалку снег.
Иако навидум изгледа несмасен, бизонот е прилично брзо животно и не секој коњ може да го стигне. Воедно е и добар пливач. Во минатото живеел во големи стада од по 20 000 единки.
Секое стадо го предводат неколку стари мажјаци, кои го чуваат и бранат со големо внимание и посветеност. Бизонот е многу силно и опаснен кога е налутен, и има добар мирис и слух. Оддава мошусен мирис, кој се чувствува на големо растојание.
Бизоните се многуженци. Доминантните мажјаци собираат мали хареми. Сезоната на парење е од јули до септември. Бременоста трае околу 9 месеци. Се раѓа по едно теле, а многу ретко по две. Млекото има масленост од 12%.
Младите бизони се мошне пргави и игриви, а старите ги штитат. Се огласуваат со глуво мукање.
Поврзано Европски бизон
Наводи
Надворешни врски
Портал на американскиот бизон Национално здружение на американскиот бизон
Категорија:Бизони Категорија:Цицачи на САД Категорија:Цицачи на Канада Категорија:Домашни животни Категорија:Добиток Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј