Џулијус Јего (роден на 4 јануари 1989 г.) е кениски атлетичар кој се натпреварува во дисциплината фрлање копје. Тој ги освоил златните медали во својата дисциплина на Сеафриканските игри во 2011 и на Африканското првенство во 2012 и 2014. На Светското првенство 2013 тој го освоил четвртото место, губејќи го бронзениот медал во последната серија. Во 2014, Јего станал првиот кенијец кој освоил златен медал во дисциплина во поле на Комонвелтски игри.
На Светското првенство 2015 во Пекинг, тој го освоил златниот медал со префрелните 92.72 метри, резултат кој е трет најдобар на списокот на сите времиња, со што станал првиот кенијец со златен медал од Светските првенства во дисциплините во фрлање. Со овој резултат тој го подобрил претходниот рекорд на Африка, кој исто така бил во негова сопственост.
Меѓународни достигнувања ГодПрвенствоМестоПозицијаРезултат2010Африканско првенствоНајроби, Кенија3. место74.51 метриИгри на КомонвелтотЊу Делхи, Индија7. место69.60 метри2011Сеафрикански игриМапуто, Мозамбик1. место78.34 метри (ДР)2012Африканско првенствоПорто Ново, Бенин1. место76.68 метриЛетни олимписки игриЛондон, Обединето Кралство12. место77.15 метри2013Светско првенствоМосква, Русија4. место85.40 метри (ДР)2014Игри на КомонвелтотГлазгов, Обединето Кралство1. место83.87 метриАфриканско првенствоМаракеш, Мароко1. место84.72 метри2015Светско првенствоПекинг, Кина1. место92.72 метри (АР) ДР - Државен рекорд; АР - Африкански рекорд
Најдобар резултат по сезона 2009 - 74.00 метри 2010 - 75.44 метри 2011 - 78.34 метри 2012 - 81.81 метри 2013 - 85.40 метри 2014 - 84.72 метри 2015 - 92.72 метри
Наводи
Надворешни врски Профил на IAAF.org
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Кениски фрлачи на копје Категорија:Кениски атлетичари