Александар Трајковски (роден на 5 септември 1992 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Хајдук и на македонската репрезентација.

Кариера Трајковски ја започнал својата кариера во Цементарница 55 во сезоната 2009-10 каде од младинскиот тим бил префрлен во првиот тим. Одличните игри на Трајковски го привлекле вниманието на хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, во чии редови преминал на крајот од сезоната. Тој имал 17 години и не можел да игра сè додека не наполнил 18 години.

Добрите игри на Трајковски во хрватскиот клуб во вториот дел од сезоната 2010-11 го привлекле вниманието на Динамо Загреб и Андерлехт, кој доставил понуда до Интер Запрешиќ од 500.000 евра, но понудата била одбиена. Сепак, Трајковски на крајот на сезоната потпишал за друг белгиски клуб, Зулте Варегем кој за него платил 1 милион евра. Во 2013, тој бил позајмен на белгискиот клуб Мехелeн.Трајковски на позајмица во Мехелен telegraf.mk; 31 август 2013

Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо. Својот прв натпревар за новиот клуб, Трајковски го имал на 23 август 2015, на натпреварот од првото коло од Серија А против Џенова, влегувајќи од клупата во 33. минута. Во следното коло, во победата од 1-0 против Удинезе, тој ги одиграл сите 90. минути за својот клуб.Трајковски водач во Серија А Македонски Спорт; 30 август 2015 Својот прв погодок за "сицилијанците" го постигнал на 2 декември 2015, во поразот со 3-2 на домашен терен од Алесандрија во четвртото коло од Купот на Италија.

Репрезентација Репрезентативни голови Резултатот на Македонија е запишан прв . # Датум Стадион Противник Гол Резултат Натпреварување 1. 14 август 2013 Арена „Филип II Македонски“, Скопје <Center>2–0 <Center>2–0 Пријателски натпревар 2. 6 септември 2013 Арена „Филип II Македонски“, Скопје <Center>2–1 <Center>2–1 Квалификации за СП 2014 3. 9 октомври 2014 Арена „Филип II Македонски“, Скопје <Center>1–0 <Center>3–2 Квалификации за ЕП 2016 4. 27 март 2015 Арена „Филип II Македонски“, Скопје <center>1–0 <center>1–2 5 12 ноември 2015 Арена „Филип II Македонски“, Скопје 2–0 4–1 Пријателски натпревар 6 3–0 7 4–0 8 2 јуни 2016 Арена „Филип II Македонски“, Скопје 1–1 1–3 9 5 септември 2017 Стадион Младост, Струмица 1–1 1–1 Квалификации за СП 2018 10 6 октомври 2017 Стадион Олимпико, Торино 1–1 1–1 11 9 октомври 2017 Стадион Младост, Струмица 2–0 4–0 Наводи

Надворешни врски Профил на Macedonian Football

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Фудбалери на ФК Цементарница Категорија:Фудбалери на ФК Зулте Варегем Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на ФК Мајорка Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит