Свети Атанасиј — црква во селото Зовиќ
Местоположба Црквата е сместена на врв од рид во непосредна близина на селото.„Зович “. Мој Роден Крај.
Историја Според своите архитектонски и ликовни крактеристики, црквата потекнува од поствизантиски период, односно од XVII век.„Црква „Свети Атанасиј“, село Зовиќ, XVII век“. Rural Adventure. Во поново време, со помош од месното население до црквата е изградена трпезарија, поставен е крст, а донесена е и електрична енергија.
Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска којашто е во лоша состојба. Објектот е граден од камен и варов малтер, а прекриена е со кров од црвени ќерамиди.
Внатрешноста на црквата е зографисана. Иако црквата претрпела оштетувања низ годините, денес се сочувани вредни површини фрескоживопис, како што е претставата во олтарниот простор позната како Богородица со епитетот Платитера – Знамение од XVII век. Според иконографскиот тип, Богородица Знамение е облик на Богородица Ширшаја со молитвено издигнати раце. На сиво-сината заднина на фреската со бели грчки букви е испишан епитетот на Богородица. Претставата е работена според текстот на пророкот Исаија, според кој Богородица претставува отелотворение на црквата. Ваквата претстава на Богородица е значаен тематско-времеследен показател затоа што сведочи за присуството на пошироката сфера на византиската во постарата уметност.
Во дворот на црквата се наоѓа помошен објект.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Никола“ - Зовиќ Зовиќ Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија
Наводи
Надворешни врски
Зовиќ