алт=Godlevo.jpg|мини|Поглед на селото

Годлево — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Географија и местоположба Годлево е планинско село распространето во полите на планината Рила, на надморска височина од 877 метри. Оддалечено е 6 километри од општинскиот центар Мехомија и околу 150 километри од главниот град Софија.

Историја Околу старото село коешто се наоѓа на 5 километри оддалеченост од селото, минува римски пат, а над него во планината се наоѓа местото викано Стапката на Крале Марко.

Во 1810 година во Годлево е отворено училиште од поп Теодосиј, кое првично опстојува во неговиот дом, а потоа во вакафскиот дуќан.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ потекнува од 1835 година.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители, сите Македонци.

Стопанство Во Годлево функционира млекарница, којашто е позната по произведството на кашкавал и сирење.

Демографија Според пописот од 2011 година, во Годлево живееле 503 жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот: националностброј%Бугари49498,2Роми/0Турци/0други/0не се самоопределиле/0не одговориле71,39Вкупно503100 На табелата е прикажан бројот на населението во Годлево за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население839892715788754668668607503 Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Иван Белешков (1866 - 1944, Годлево) — македонски револуционер Костадин Кантарџиев (1896 - 1943) — македонски револуционер, деец на ВМРО (Обединета) и КПБ Лазар Томов — македонски револуционер

Култура и спорт Во селото има стадион со капацитет од 2000 души.

Иселеништво

Надворешни врски = K2 Hotel in Godlevo

Наводи

Категорија:Општина Мехомија Категорија:Села во Пиринска Македонија