Индиски паун, син паун или обичен паун () — голема шарена птица од от паун (Pavo) на семејството фазани (Phasianidae) со потекло до Јужна Азија, но денес доведена во разни краишта на светот, вклучувајќи ја Македонија.

Мажјакот е претежно син, а на главата има цуцулка на тенки дршки. Најголема одлика му е долгата опашка со шарени „окца“. Ова се мошне цврсти пердуви кои птицата ги крева (отвора) како ладало за време на додворувањето. Женктие немаат ваква долга опашка, долниот дел од вратот им е зеленикав, а перјето им е со матна кафеава боја. Индискиот паун води претежно наземен живот во отворени шуми, или на обработено земјиште, каде јаде бобинки и жито, но воедно и змии, гуштери и мали глодачи. Звучно е препознатлив по гласниот вик, кој во шумски услови служи за предупредување од грабливци како што е тигарот. Се хранат во мали групи, а од опасност бегаат со трчање и се кријат во ниската растителност. Не летаат, освен кога треба се сместат на високите гранки за да се оседлаат.

Намената на раскошната опашака на паунот веќе подолго време е предмет на научен спор меѓу стручњаците. Чарлс Дарвин кон крајот на XIX век ова го сметал за загадочна појава, која тешко се објаснува со начелата на природно избирање (селекција). Дарвин подоцна ја објаснил појавата по пат на полово избирање, и истото е прифатено од многу, но не и сите биолози. Во XX век, израелскиот еволутивен биолог Амоц Захави го објаснил ова како хендикеп, каде мажјаците искрено ја сигнализираат нивната погодност за размножување сразмерно на раскошот на нивната опашка. Сепак, мислењето останува и понатаму поделено.

Паунот има значење во индиската и старогрчката митологија и претставува државно обележје на Индија. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN) го води видот под статусот „најмала загриженост“ (LC).

Таксономија и именување мини|лево|Индиски паун во Зоо Скопје. Карл Линеј во своето дело „Систем на природата“ во 1758 година му го доделил на индискиот паун техничкото име Pavo cristatus (на класичен латински јазик значи „цуцулен паун“).

Грчкиот збор за паун бил таос и бил поврзан со персискиот тавус (како во Тахт-и-Тавус за славниот паунов престол). Старохебрејскиот збор туки (множина тукијим) се вели дека потекнува од тамилскиот токеи, но понекогаш се следи до египетскиот тек. На современ хебрејски јазик, зборот за паун е тавас.

Опис мини|лево|Индиски паун на црковен покрив во манастирот „Св. Наум“, Охрид. Паунот е меѓу најголемите претставници на семејството на фазаните. Долги се без, а сосе опашката и тежат . Женките се помали, со просечна должина од и тежина од .

мини|Огласување на индискиот паун.

Возрасната женка има лисесто-кафена глава со цуцулка како мажјакот, само што има костенлива боја, обрабена со целено. Горниот дел од телото е кафеникав, со бледи шари. Главните, споредните и опашните пардуви се темнокафеави. Долниот дел од вратот е метално зелен, а градните пердуви се темнокафеави, со зелена нијанса. Останатите долни делови се белузлави. Младенчињата со меко перје се светлокафеави, со темнокафеав белег на тилот, кој продолжува кон очите. Младите мажјаци изгледаат како женки, но со костенливи крилја.

Најчесто огласување е гласното пијао или мејао. Огласувањето зачестува пред монсунската сезона, а служи за тревога кога птицата ќе се вознемири од некој гласен звук. Во шума, честопати ваквото огласување означува присуство на непријател. Други огласувања се брзоповторувачките ка-аан..ка-аан и ко-ко. Кога се вознемирени, честопати оддаваат и трубест извик.

Размножување мини|Јајце на индиски паун од збирката на Висбаденскиот музеј. Пауните се многуженци, со целогодишна сезона на парење, која сепак зависи од дождовите. Достигнуваат полова зрелост на возраст од 2 до 3 години.

Исхрана

Ова е сештојадна птица која се храни со семиња, инсекти, плодови, мали цицачи и мали влекачи. Јадат мали змијулки, но се држат настрана од поголемите змии. Во шумата Гир во Гуџарат, голем дел од исхраната им се состои од паднати бобинки од сирка (Zizyphus). Кога се присутни поблиску до луѓето, јадат најразлични земјоделски култури: кикиритки, домати, ориз, лути пиперчиња, па дури и банани.

Наводи

Надворешни врски

Индиски паун — BirdLife

Категорија:Пауни Категорија:Национални симболи на Индија Категорија:Птици на Азија Категорија:Фауна на Јужна Азија Категорија:Инвазивни видови Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје