мини|Оливера Николова, „Приказни за Зоки Поки“ (издание од 1980 год.) „Зоки Поки“ или „Приказни за Зоки Поки“ — книга за деца од македонската писателка Оливера Николова.
Содржина Книгата содржи 31 расказ:Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004. Кој е Зоки Поки и, ако сакате да го запознаете, каде можете да го најдете Во бањата Нефатливиот Зоки Поки Како брои Зоки Поки Со што може да купи сиот свет Зошто е масата? Големата авантура на Фигаро На улица Кој бил кукавица! Зоки Поки беше в парк Приказна за тажниот петел Гостин од село Кога бабата се лути Грижа Жешка супа Игра И мечето има грип Зоки се жртвува Што е смешно Новогодишна згода Цртеж Во зоолошката градина Според заслугата Зоки денгуба Зошто плаче Зоки? Колачиња Балон Големото патување Волшебната цреша Какво лето! Откритие
Изданија Првобитно, книгата била објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, а потоа следувале голем број изданија. Во текот на долг период, книгата била задолжителна лектира за учениците од основните училишта во Македонија. Исто така, „Зоки Поки“ е преведена на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 130. Скратена верзија од 1980 година, објавена како заедничко издание на „Култура“, „Наша книга“, „Мисла“, „Македонска книга“ и „Детска радост“ од 1980 година, во реализација на „Култура“, кое служело како лектира за прво одделение. Книгата има 32 страници, а била испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 30 000 примероци. Автор на корицата и на илустрациите е Димитар Кондовски.Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки. Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, 1980. Потполно истото издание е објавено и во 1990 година.Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки. Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, 1990. Издание на „Детска радост“ од 2004 година: Книгата, со димензии од 20 сантиметри и обем од 100 страници, е отпечатена во мек повез, во печатницата „Напредок“ во Тетово. Автор на илустрациите е Јана Андреевска, дизајнот и ликовно-графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, додека Дениз Тесторидес ги направил лектурата и коректурата. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-489-0.Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
За делото Уште при првото издание, книгата добила многу поволни критики и била означена како големо освежување во македонската детска литература. За неа, Јадранка Владова истакнала: „Зоки Поки“ е вистински текст-меѓник и несомнена иновација во македонската книжевност за деца... текст кој, пред сè, го почитува детето... прекрасен текст за раснењето... за универзалните, за општите места на детството...Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 129-130.
Наводи
Категорија:Дела на Оливера Николова Категорија:Раскази за деца Категорија:Изданија на Детска радост