Во електротехниката, адмитанса е мера колку лесно колото или уредот го овозможува текот на струјата. Таа е дефинирана како реципрочна вредност на импедансата. Единица за адмитанса во Меѓународниот систем на единици е сименс, чиј симбол е S. Оливер Хевисајд (Oliver Heaviside) го вовел терминот адмитанса во декември 1887 година.

Адмитансата е дефинирана како

каде Y е адмитанса, мерена во сименси Z е импеданса, изразена во омови

Покрај сименсот, како единица за адмитансата се користи и единицата мо и симболот ℧(превртена Ω).

Отпорноста е мера на спротивставувањто на колото или уредот струјата низ него да биде стабилна, додека импедансата во обѕир ги зема не само отпорноста, туку и динамичките ефекти (познати како реактанса). Соодветно, адмитансата не е само мера со која струјата може стабилно да тече, туку и динамичките ефекти на сусцептансата на материјалот која води до поларизација.

каде е адмитанса, мерена во сименси е кондуктанса, мерена во сименси е сусцептанса, мерена во сименси

Претворање на импедансата во адмитанса Импедансата Z е составена од реален и имагинарен дел:

каде R е отпор, мерен во омови X е индуктивна отпорност, мерена во омови

Бидејќи импедансата е комплексна величина, следствено и адмитансата е комплексна величина. Таа, исто така може да се претстави преку својот модул и аргумент како:

каде G (спроводливост) и B (сусцептанса) се дадени:

Големината и фазата на адмитансата се дадени:

каде G е спроводливост , мерена во сименси B е сусцептанса, мерена во сименси

Поврзано

Меѓународен систем на мерни единици

Наводи

Категорија:Електротехника Категорија:Физички величини Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ