Ерида (136199 Ерида, симбол: ) — најмасивната и втора по големина џуџеста планета во Сончевиот Систем. Станува збор за деветтото најмасивно тело за кое се знае дека е во орбита околу Сонцето.Ерида е помасивна од Плутон иако Плутон има поголем пречник. Таа е 16-ото најмасивно тело во Сончевиот Систем, бидејќи седум месечини се помасивни од било која џуџеста планета. Измерено е дека пречникот изнесува 2326±12 км. Ерида е 27% помасивна од џуџестата планета Плутон, иако Плутон има малку поголема зафатнина. Масата на Ерида е околу 0,27% од масата на Земјата.
Ерида била откриена во 2005 година од страна на екипата во Паломарската опсерваторија, под водство на Мајк Браун, и нејзиното откривање било потврдено подоцна истата година. Станува збор за заднептунско тело со големо занесување познати како припадници на Расеаниот Диск. Има една позната месечина, Дисномија. Од 2014 година е на растојание од 96,4 ае од Сонцето, приближно околу трипати подалеку од Плутон. Со исклучокот на некои комети, Ерида и Дисномија се моментално вторите најдалечно познати природни тела во Сончевиот Систем (по откривањето на V774104 во ноември 2015 година, тело на растојание од 103 ае.).
Бидејќи Ерида одпрвин изгледала поголема од Плутон, НАСА првично ја опишала како десеттата планета во Сончевиот Систем. Ова, како и шансите за откривање на други тела со слична големина, предизвикале Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) за првпат да го дефинира поимот планета. Па така според дефиницијата на МАС донесена на 24 август 2006 година, Ерида е „џуџеста планета“, заедно со телата како што се Плутон, Церера, Хаумеја и Макемаке, со што се намалил бројот на 8 познати планети во Сонечвиот систем, истиот број пред откривањето на Плутон во 1930 година. Набљудувањата на ѕвездените прикривања на Ерида во 2010 година дале резултат дека пречникот изнесува 2326±12 км, сличен на Плутон. Откако вселенското летало Нови Хоризонти го измери пречникот на Плутон во јули 2015 година и истиот изнесувал 2372±4 км. па се утврдило дека Ерида има малку помал пречник од Плутон.
Историја Откривање
Ерида е откриена од странна на екипата на Мајкл Браун, Чед Трухиљо и Дејвид Рабиновиц на 5 јануари 2005 година, од сликите снимени на 21 октомври 2003 година. Откривањето било потврдено на 29 јули 2005 година, во истиот ден кога е потврдено откривањето на и два дена подоцна од откривањето на , делумно поради случувањата кои подоцна прераснале во скандал поврзан со Хаумеја. Потрагата од страна на екипата систематски се одвивала неколку години како потрага по големи заднептунски тела во Сончевиот Систем и биле вклучени во откривањето и на други поголеми заднептунци, како што се 50000 Квавар, 90482 Орк и 90377 Седна.
Постојаните набљудувања на екипата биле собрани на 21 октомври 2003 година, користејќи го Шмидовиот телескоп „Семјуел Ошин“ во Паломарската опсерваторија во Калифорнија, но снимката на Ерида не била откриена во тој момент поради нејзиното бавно движење преку небесниот свод: автоматскиот пребарувач на слики на екипата ги отфрлал сите тела кои се движеле со брзина помала од 1,5 арксекунди на час за да го намалат бројот на лажни резултати . Кога била откриена Седна, таа се движела со брзина од 1,75 арксекунди на час, и поради тоа екипата ги препроверила нивните стари податоци со помала граница на аголното движење, пребарувајќи низ претходно отфрлените слики. Во јануари 2005 година, тие го забележале спорото движење на Ерида меѓу позадинските ѕвезди.
Последователни набљудувања биле извршени за да се направи првична проценка на орбитата на Ерида, што овозможило да се процени растојанието до телото. Екипата планирала да го одложи потврдувањето на своите откритија на Ерида и сè додека додека не биле извршени понатамошни набљудувања и пресметки, но го потврдиле постоењето на двете тела на 29 јули, кога било објавено откритието на уште едон големо заднептунско тело следено од нивна страна, односно , тело за кое бил поврзан скандал поради откривањето од друга екипа на 27 јули во Шпанија.
Повеќето набљудувања објавени во октомври 2005 година покажале дека Ерида има месечина подоцна наречена Дисномија. Набљудувањата на орбитата на Дисномија им овозможила на научниците да ја определат масата на Ерида, чија вредност во 2007 изнесувала , поголема од таа на Плутон.
Име
Ерида е именувана според Ерида старогрчката божица на раздорот и кавгите. Името било доделено на 13 септември 2006 година по невообичаено долгиот период во кој телото било познато под привремената ознака , која била доделена веднаш од страна на МАС според нивните протоколи за именување на мали планети. Придавката од Ерида е Еридски.
Зина
Поради несигурнста дали новооткриеното тело ќе биде класифицирано како планета или мала планета, поради различните процедури за именување на овие различни видови на тела, одлуката за именување на телото морала да почека одлуката на МАС на 24 август 2006 година. Како резултат, во еден период телото било понато меѓу пошироката јавност како Зина.
„Зина“ било неформално име користено само меѓу екипата која го открила телото. Инспирација за името бил главниот карактер од телевизиската серија Зина: Принцезата воин. Екипата која го открила телото според изјавата на Браун го чувала прекарот „Зина“ за првото тело кое ќе биде откриено од нивна страна и ќе биде поголемо од Плутон. Според Браун,
„Ние претпоставивме [дека] вистинско име ќе дојде набрзо, [но] но процесот подзапре“, Мајк Браун во едно интервју изјавил,
Избирањето на официјалното име
Според авторот на научни книги Говерт Шилинг, Браун првично сакал да го именува телото „Лила“, според индиската митологија која го опишувал космосот како исход од играта играна Брама. Името било многу слично со „Лиал“, името на новородената ќерка на Браун. Браун имал на ум да не го изнесува името во јавност сè додека не било официјално прифатено. Тој истото го стори и со Седна една година подоцна, и поради тоа беше под остра критика. Сепак, немаше противење на името Седна, постоело само нарушување на протоколот, и немало други конкурентски имиња предложени за Седна.
Тој ја навел адресата на неговата сопствена мрежна страница објавувајќи го откритето како /~mbrown/planetlila и по хаосот кој следел околу спорот околу откривањето на Хаумеја, заборавил да го смени. Наместо да разлути поголем број на колеги астрономи, тој едноставно изјавил дека мрежната страница била именувана според неговата ќерка и го отфрлил името „Лила“.
Браун исто така шпекулирал дека Персефона, сопругата на богот Плутон, ќе биде добро име за ланетата. Името било употребено неколкупати употребено во научната фантастика, и било добро прифатено од јавноста, победувајќи на анкета спроведена од списанието New Scientist („Зина“, и покрај тоа што било само прекар, било на четврто место). Ова не било можно откако телото било класифицирано како џуџеста планета, бидејќи веќе постои астероид со тоа име, 399 Персефона.
Со разрешувањето на спорот, екипата која го спровела откритието го избрала името Ерида на 6 септември 2006 година. На 13 септември 2006 година ова име било официјално прифатено од страна на МАС. Браун одлучил бидејќи телото за подолг период се сметало за планета, заслушувало име од старогрчката или римската митологија, како и останатите планети. Астероидите веќе во поголем дел ги имале заземено старогрчко-римските имиња. Ерида, која Браун ја опишал како негова омилена божица, за среќа не била употребена. Името на еден начин го опишува раздорот во астрономската заедница предизвикан од дебатата околу природата на телото и Плутон.
Класификација
Ерида е заднептунска џуџеста планета (плутоид). Нејзините орбитални особености особено ја категоризираат како објект од Расеаниот Диск или пак заднептунски објект кој бил „исфрлен“ од Кајперовиот Појас во подалечни и необични орбити следејќи ги гравитациски заемодејства на Нептун додека се создавал Сончевиот Систем. Иако орбиталната накосеност на Ерида е невообичаена за објектите од Расеаниот Диск, теоретските модели укажуваат на тоа дека телата кои првично биле до внатрешниот раб на Кајперовиот Појас биле расеани во орбити со големи накосувања отколку телата во надворешниот појас. Телата од внатрешниот појас се очекува да бидат помасивни од телата во надворешниот појас, па така астрономите очекуваат да пронајдат повеќе тела со големина како онаа на Ерида во орбити со голема закосеност.
Бидејќи Ерида првично била сметана за поголема планета од Плутон, беше опишана како „десеттата планета“ од страна на НАСА и медиумите. Како резултат на несигурноста на нејзиниот статус, и поради долгата дебата за тоа дали Плутон треба да се смета за планета, МАС определи група на астрономи да осмисли прецизна дефиниција на поимот планета за да се разреши ова прашање. Оваа одлука беше објавена од страна од МАС како дефиниција за планета во Сончевиот Систем која била усвоена на 24 август 2006 година. Во овој период и Ерида и Плутон биле класифицирани како џуџести планети, поим кој е поразличен од дефиницијата на планета. Браун оттогаш изјавил дека ја одобрува оваа класификација. МАС последователно ја додала Ерида на својот каталог на мали планети, означувајќи ја како (136199) Ерида.
Орбита
Ерида има орбитален период од 558 години. Нејзината максимална можна далечина од Сонцето (афел) е 97.65 ае (астрономски единици), додека пак нејзината најблиска далечина од сонцето (перихел) е 37.91 ае. Ерида го достигнала перихелот помеѓу 1698 и 1699 година, афелот во 1977 година и ќе се врати во перихел во 2256 до 2258 година. Во моментот, Ерида и нејзината месечина претставуваат најдалечни објекти во Сончевиот Систем, по V774104 и со исклучок на кометите со долги периоди и вселенски сонди. Приближно 40 познати заднептунски објекти имаат поголема просечна орбитална далечина од оската од 67,7 ае на Ерида, од кои најзначајни се , и Седна.
Орбитата на Ерида е високо занесена и ја приближува планетата до 37,9 ае од Сонцето, што претставува типичен перихел на расеани објекти. Орбитата навлегува во онаа на Плутон, но не доаѓа до директен судир со Нептун (29,8-30,4 ае). Плутон пак, како и другите плутини, следи помалку накосена и занесена орбита, заштитена од орбиталната резонанса, може да премине преку орбитата на Нептун. Можно е Ерида е во резонантен однос со Нептун, кој изнесува 17:5, но за да се потврди ова потребни се дополнителни набљудувања за да се потврди оваа хипотеза. За разлика од осумте планети чии орбити се главно на истата рамнина со рамнината на Земјата, орбитата на Ерида е многу закосена: навалена е на агол од 44 степени на еклиптиката. За околу 800 години, Ерида ќе биде поблиску до Сонцето од Плутон (погледајте го графикот надесно).
Ерида моментално има привидна светлинска величина од 18,7, што ја прави доволно светла за да биде забележана со некои аматерски телескопи. Користејќи телескоп со отвор 200 mm на кој е монтирана CCD-камера може да се забележи Ерида, доколку условите се поволни.За пример можете да погледате аматерска снимка на Ерида тука Fred Bruenjes' Astronomy Причината поради која не била забележана порано е големата накосеност на нејзината орбита, повеќето потраги за поголеми тела надвор од Сончевиот Систем се претежно сконцентрирани на еклиптичката рамнина, каде што се наоѓаат и повеќето тела.
Поради големата закосеност на својата орбита, Ерида минува низ неколку соѕвездија од традиционалниот зодијак, моментално е во соѕвездието Кит. Во периодот од 1876 до 1929 била во соѕвездието Вајар, а во периодот од 1840 до 1875 била во соѕвездието Феникс. Во 2036 во соѕвездието Риби и ќе остане во ова соѕвездие сè до 2065 кога ќе биде во соѕвездието Овен. Ќе навлезе во северното небо минувајќи преку соѕвездието Персеј во 2128 година и во соѕвездието Жирафа (каде што ќе ја достигне својата најсеверна деклинација) во 2173 година.
Големина, маса и густина + Проценки за големината Година Полупречник Извор 2005 1.199 (2.397) km Хабл 2007 1.300 (2.600) km Спицер 2011 1.163 (2.326) km Прикривање