Калишки манастир — манастирски комплекс кој претставува најголем духовен центар во Струшко и воедно претставува летна резиденција на поглаварот на Македонската православна црква.
Се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро во природен карпест амбиент.
Местоположба
Манастирот се наоѓа јужно од селото Калишта, чија прва црква била сместена во пештера над езерото. Денес, покрај оваа црква, во манастирскиот комплекс се наоѓаат уште три други цркви, како и хотелот „Бисер“.
Манастирот е привлечно туристичко место, а на денот на Мала Богородица во него се одржува голем народен собор.
Историја
мини|300п|лево|Манастирот во 1863 година
Манастирот најверојатно потекнува од век. За манастирот не се знае многу низ историјата.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква „Рождество на Пресвета Богородица“, пештерната црква „Рождество на Пресвета Богородица“, новата црква „Св. Петар и Павле“, пештерната црква „Св. Атанасиј“ сместена во викенд-населбата Елен Камен, параклисот „Св. Теодор Тирон“, конакот, трпезаријата, библиотеката, камбанаријата, хотелот, како и други помошни објекти.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица Пештерна“
Потекнува од XIV век. Оваа црква е основата на самиот манастирски комплекс. Црквата се наоѓа во карпа и во неа се наоѓаат три монашки ќелии - 2 на првиот кат и една на вториот кат. Во близина на црквата има две исцелителни води посветени на Свети Петар и на Свети Ананија.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ претставува главната манастирска црква. Во неа се наоѓа позната икона на Црната Богородица. Црквата е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XVIII век. Карактеристична е резбата на иконостасот изработена од страна на тајфата на Наум Донев од Охрид. Црквата е фрескописана во византиски стил. Според легендата за време на Втората светска војна на повеќе наврати иконата била фрлана во езерото со цел да се уништи, но секогаш повторно се враќала на брегот од езерото.
Црква „Св. Атанасиј“
Оваа пештерна црква се наоѓа во непосредна близина на манастирот, јужно од него, срасната со околните карпи. Иако не се зачувани пишувани извори, стилските белези на овие фрески недвосмислено упатуваат на нивното датирање во седумдесеттите години од век.
Црква „Св. Петар и Павле“
Оваа црква е најнова во комплексот. Под неа има извор на лековита вода. Изградена е во 1990 година, а осветена е на 8 мај 1997 година.
Параклис „Св. Теодор Тирон“
Во еден од конаците постои параклис посветен на Свети Теодор Тирон, изграден и живописан во 2002 година.
Овој параклис, а всушност и целиот конак, е надвиен од вековните гранки на стариот Калишки чинар, кој го зазема централното место во манастирот.
Монашки живот
Интензивниот монашки живот создаден во манастирскиот комплекс на Калишта станал мирно засолниште на монасите каде што вршеле препишувачка дејност и други активности.
Денес, во манастирот се одвива активен живот како женски манастир, а новоизградениот објект е резиденција на Архиепископијата.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Калишта Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Скопската епархија Категорија:Споменици на културата во Македонија