Крабул — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Крабул се наоѓа на 20 километри североисточно од Хаџидимово и на 20 километри југозападно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 825 метри, во историко-географската област Чеч. Селото е расположено источно од реката Бистрица на север од село Боголин. Атарот на селото зафаќа површина од 11.029 км2.
Историја Ран период
Крабул има долга историја. Селото постои уште од античко време. Ова е потврдено од тракиските гробови што ги откриле селаните додека ги обработувале своите ниви. Откриени се остатоци од еднокорабна црква од V век, околу која се развила некропола за време на средниот век. Крибул најверојатно е наследник село Букорово кое било напуштено од луѓето. Селото е познато и по тоа што е единственото во областа Чеч кое во кое има откриени траги од развој на средновековна црна металургија.
Османлиско Царство
Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крабул (Kraboul) е село со 50 семејства и 140 Помаци Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители, сите македонски муслимани Според Стефан Верковиќ во 1881 година во селото живееле 180 муслимански машки лица во 50 куќи..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1934 година името на селото било променето во Крибул.
Крибулски рид на Антарктикот името го добил според селотоSCAR Composite Gazetteer of Antarctica.
Население Како резултат на Балканските војни, од 438 жители во 1910 година, само 217 останале во селото во 1920 година. Во 1899 година, селото имало население од 290 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското ЦарствоАрденски, Владимир. Загаснали огнища. София, ИК „Ваньо Недков“, 2005. ISBN 954-8176-96-3. с. 106.. Според Димитар Гаџанов, во 1916 година в Абланица, Боголин и Крибул живееле 1692 Помаци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
Според податоците на пописот во годините 1926, 1934, 1946 и 1956 година, населението на Крибул било 218, 170, 227 и 254 души.
+Население на Годешево по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 170 227 254 271 321 376 397 395 391 361
+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Население Процент Бугари 208 55,91% Турци 157 42,2% Вкупно 372 +Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Општина Сатовча Категорија:Села во Пиринска Македонија Категорија:Чеч