мини|десно|Камили на пазар во Бејт ел-Факих, Јемен Едногрба камила (), наречена и дромедар или арапска камила — вид цицач од семејството на камилите (Camelidae).

Камилата прв ја опишал Аристотел, а биномниот (научен) назив ѝ го дал Карл Лине во Систем на природата (1758). Најрани предци на овие животни се членовите на изумрениот род Protylopus од еоценот. Мажјаците се високи и тешки , додека пак женките се високи и тежат . По боја се движат од светла до темна кафеава. Забележливата грпка е висока и составена од масти сврзани со влакнесто ткиво.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Физиономија Телото на повеќе начини им е приспособено на животтот во пустински услови. За да се заштитат од песочните бури, на лицето имаат густи веѓи, два реда долги трепки и ноздри што се затвораат. Во ушите имаат заштитни влакна, од истите причини.http://enchantedlearning.com Кога немаат пристап до вода, проблемот го решаваат со промена на телесната температура во износ од 6 °C, и тоа 34° наутро до 40° напладне. Со ова, камилите го намалуваат дотекот на топлина од околината, а со тоа и потењето. Бубрезезите им се исто така прилагодени на условите, и можат да поднесат загуба на вода во количество дури 30% од телесната маса (за споредба, губитокот на 15% кај другите животни доведува до смрт).http://www.science.smith/edu Се парат зиме, кога е влажната сезона. Бременоста трае 15 месеци и се раѓа едно младо, кое мајката го дои 2 години.

Исхрана и поведение Се хранат со лисје и пустинска растителност како трнливите растенија, на кои устата има голема отпорност. Активни се дење, а на квечерина се одмораат во групи. Стадото се состои од околу 20 единки, предводено од „началник“ и меѓусебно општат со низа разни огласувања. Некои мажјаци образуваат „ергенски“ групи. Не покажуваат знаци на територијалност, а стадата се здружуваат заедно кога се во неволја. Во дивината, непријатели на камилата се волкот и лавот, а во минатото — и тигарот.

Потекло и застапеност Местото на потекло на едногрбата камила не е сосема утврдено, но се смета дека првпат е припитомена во Сомалија и на Арапски Полуостров пред околу 4000 години. Домашните камили се застапени ширум Африканскиот Рог, Северна Африка, Јужна Азија и Блискиот Исток и вкупно бројат 13 милиони грла. Човекот ја користи како товарно животно и за превоз во услови каде другите животни не можат да опстанат. Влакното на камилите е многу ценето за ткаенини, а изметот наоѓа примена како ѓубриво и гориво.

Поврзано Двогрба камила Камили Мозлоноги

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Камили Категорија:Цицачи на Африка Категорија:Цицачи на Азија Категорија:Домашни животни Категорија:Добиток Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј