Федерико Бернардески (роден на 16 февруари 1994, во Карара) — италијански фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Болоња и поранешен италијански репрезентативец.

Тој ја започнал кариерата во Атлетико Карара и Полиспортива Понзано. Во 2003 година, тој преминал во младинските категории на Фјорентина, каде што поминал десет години, пред да биде проследен на позајмица во Кротоне во сезоната 2013–2014 година. Тој се вратил во Фјорентина следната сезона и станал еден од клучните играчи на клубот во следните три сезони. Во јули 2017 година, тој бил продаден на Јувентус за кој одиграл пет сезони освојувајќи три титули по ред во Серија А во периодот 2017-2020. Во јули 2022 година, како слободен играч тој потпишал за Торонто.

На репрезентативно ниво, тој ја има претставувано Италија во младинските категории, а своето деби за сениорскиот тим го направил во 2016 година. Бернардески бил дел од репрезентацијата на Италија, на две Европски првенства во 2016 и 2020, триумфирајќи на второто со Аѕурите

Неговиот прекар Брунелески, го добил по познатиот архитект, заради неговата техника и елеганција на теренот.

Технички одлики Брз, силен, креативен, технички надарен и вреден играч, со добро чувство за позиционирање и око за гол, Бернардески се смета за еден од највозбудливите и најталентираните играчи на Италија во неговата генерација. Најчесто игра со левата нога, и е познат по неговата брзина, агилност и способност да упати моќен и прецизен удар надвор од шеснаесеттникот. Неговата омилена позиција е десно крило или надворешен напаѓач во 4-3-3 формацијата, позиција која му овозможува да игра еден на еден со противниците, или да навлезе низ средината од каде може да шутира или да се поврзе со својте соиграчи од средниот ред и да создаде шанси за соиграчите од нападот со својата посилна лева нога; тој исто така е способен да игра и на левата страна од теренот. Поради неговата тактичка разновидност, издржливост, визија и работа во дефанзивната фаза, како и неговите технички, атлетски и физички атрибути, тој е способен да игра на уште неколку други позиции и бил распореден како втор напаѓач, како офанзивен играч од средниот ред, како класична десетка (позната во Италија како треквартиста), во врвот на нападот, или дури и како страничен бек или бек-крило по десната страна на теренот. Исто така е одличен изведувач на прекини: корнери, слободни удари и пенали.

Тој ги цитирал сонародниците Франческо Тоти, Џанкарло Антоњони, Роберто Баџо и Алесандро Дел Пјеро како негови фудбалски идоли и модели од детството; неговата улога на теренот и стилот на игра, исто така, доведува до тоа да Бернардески да биде споредуван со споменатите играчи, како и со Мишел Платини.

Клупска кариера Почетоци со Фјорентина и заемот во Кротоне Роден во Карара, Федерико почнал да игра фудбал на возраст од шест години во локалниот клуб Атлетико Карара. По една година се префрлил во Понзано, фудбалската школа на Емполи, за во 2004 година да се приклучи на младинскиот сектор на , по препорака на Иларио Сатурни, тогашен скаут на клубот од Фиренца.

Откако минал низ сите младински категории на Фјорентина, на 2 септември 2013 година клубот го испратил Бернардески на позајмица во Кротоне, во Серија Б.BERNARDESCHI IN PRESTITO AL CROTONE violachannel.tv Своето професионално деби го имал на 8 септември 2013 година, во натпреварот против Пескара во Серија Б што завршил 2-2, појавувајќи се во игра во 75-тата минута од клупата за резерви на местото на Суфијан Бидауи.Bernardeschi, esordio in B con il Crotone: finisce 2-2 iltirreno.it Својот прв гол го постигнал на гостувањето кај , во победата со 2-1 на 21-ви истиот месец.Brescia, brutto ko al Rigamonti col Crotone giornaledibrescia.it На 9 ноември 2013, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, во победата со 2-1 на гостувањето кај .Carpi, Cabassi ancora amaro Doppio Bernardeschi, passa il Crotone ilrestodelcarlino.it Истото го повторил и на 8 февруари 2014, кога ги постигнал првите два гола за Кротоне во победата со 3-0 над Пескара на Ецио Шида.VIDEO: doppio Bernardeschi fa volare il Crotone Својата прва професионална сезона ја завршил со 12 голови во 39 настапи во Серија Б. По завршувањето на сезоната Кротоне ја искористил опцијата да откупи половина од договорот на Бернардески.

Фјорентина thumb|right|200px|Бернардески за време на својата прва сезона со Фјорентина во 2014 година. На 20 јуни 2014 година, Фјорентина ја откупила втората половина од договорот на Бернардески која од скоро ја поседувал Кротоне, и повторно ги добила назад целосно правата над играчот.BABACAR E BERNARDESCHI TORNANO ALLA FIORENTINA violachannel.tv По одличната сезона во Кротоне, по враќањето во Фјорентина тој веднаш бил префрлен во првиот тим кој бил под водство на тренерот Винченцо Монтела и го добил дресот со број 29 за неговата прва професионална сезона во клубот, истиот оној број кој го носел претходната сезона во Кротоне. Своето деби во Серија А го имал на 14 септември 2014 година, на 20-годишна возраст, влегувајќи од клупата на местото на Марио Гомес во 57-мата минута од натпреварот на домашен терен против Џенова што завршил без голови 0-0.Stagione 2014-15 - 2ª Giornata Match report: Fiorentina - Genoa 0-0 us.soccerway.com Четири дена подоцна тој дебитирал во европските натпреварувања, во натпреварот од Лигата на Европа против францускиот Генгамп одигран на Артемио Франки (3-0 за Фјорентина), во кој го постигнал својот прв погодок во виолетовиот дрес.Fiorentina, tris d'autore uefa.com По солидниот старт на сезоната, на почетокот на ноември, тој се здобил со фрактура на малеолусот на тренинг, повреда поради која морал да оди на операција; се вратил на теренот дури по шест месеци пауза, на 10 мај 2015 година, во лигашки натпревар против . На 31-ви истиот месец, во последното коло од првенството, Бернардески го постигнал својот прв погодок во Серија А во победата со 3-0 над .

Пред почетокот на сезоната 2015-2016 го сменил бројот на дресот, од 29 на 10, приклучувајќи се на списокот на десетки на Фјорентина на неколку легенди на клубот како Џанкарло Антоњони, Роберто Баџо и Руи Кошта. Бернардески добил доста простор за игра кај новиот тренер португалецот Пауло Соуса кој најчесто го користел како десен страничен играч во средниот ред. На 26 ноември 2015 година, за првпат постигнал два гола во ист натпревар како играч на Фјорентина, во соочувањето со Базел во Лигата на Европа што завршило 2-2. Во последното коло од сезоната во Серија А, Бернардески постигнал еден гол и асистирал за уште други два во победата со 4-2 на гостувањето кај во Рим. Сезоната ја завршил со 41 одигран натпревар во сите натпреварувања и 6 гола.

На 23 октомври 2016, првпат во кариерата Бернардески постигнал два гола на еден натпревар во Серија А, во победата со 5-3 на гостувањето кај . Истото го повторил на 20 ноември, во победата со 4-0 на гостувањето кај во тосканското дерби. На 18 декември 2016 година, во поразот со 3-1 на гости кај Лацио, по излегувањето од игра на Јосип Иличиќ Бернардески ја носел капитенската лената на својата екипа за првпат. Во натпреварот против на 29 јануари 2017, Бернардески влегол од клупата за резерви и асистирал за голот на Никола Калиниќ за водство на својата екипа од 3-2, но во самиот финиш од натпреварот поради играње со рака на гол-линијата направил пенал и го заработил првиот цревен картон во кариерата. На 16 февруари 2017 година, на денот на неговиот 23-ти роденден, тој го одлучил првиот натпревар од шеснаесттинафиналето на Лигата на Европа против германскиот Борусија Мохенхенгладбах со прекрасен погодок од слободен удар од околу 25 метри; гол со кој Фјорентина победила со 1-0, што исто така била првата историска победа на клубот на гостување во Германија. Третата сезона со Фјорентина ја завршил со 14 гола во 42 натпревари во сите натпреварувања, од кој 11 ги постигнал во првенството.

Јувентус На 24 јули 2017 година, Бернардески потпишал за во трансфер вреден 40 милиони евра (плус 10% за Фјорентина од следната можна продажба, максимално до 5 милиони евра). Договорот бил потпишан на 5 години во трајност до 30 јуни 2022 со годишна плата од 3 милиони евра плус.Federico Bernardeschi - Bio, salary, net worth, married, affair, dating ... Тој станал втората најскапа продажба на Фјорентина по португалецот Руи Коста во 2001. Иако низ медиумите било најавено дека тој е главниот кандидат да го носи слободниот дрес со број 10, на својата презентација Бернардески го одбрал дресот со број 33 велејќи: "Дресот со бројот 10 е број што ми се допаѓа, но тој треба да се заработи. Мислам дека бројот 33 е правилен избор во овој момент".

thumb|350px|left|Бернардески (црнa опрема, десно) во дресот на Јувентус во дуел со Иско од Реал Мадрид во летото 2018 Своето деби за Јувентус го направил на 13 август 2017, влегувајќи во игра во второто полувреме од клупата за резерви на местото на Марио Манџукиќ во поразот со 2-3 од во Суперкупот на Италија игран на Олимпико во Рим. Првиот настап за Јувентус во првенството го имал во третото коло, во победата со 3-0 над на Алијанц Стедиум. На 12 септември 2017, го направил своето деби во Лигата на шампионите, играјќи како замена во второто полувреме во поразот со 3-0 од на Камп Ноу. На 1 октомври, во својот прв старт за Јувентус, тој го постигнал својот прв гол за клубот, и асистирал за голот на Гонсало Игуаин, во ремито 2-2 на гостувањето во Бергамо кај . На 25 истиот месец го постигнал својот втор гол во дресот на Јувентус со прекрасен удар од работ на шеснаесеттникот во победата со 4-1 на домашен терен над . На 5 декември 2017, Бернардески го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на гостувањето кај Олимпијакос, во последниот натпревар од групната фаза. На 6 јануари 2018, го постигнал единствениот гол на натпреварот против , со кој му донел минимална победа на својот тим со 1-0. Својот последен погодок за сезоната го постигнал на 9 февруари 2018, по прекрасно изведен слободен удар во победата со 2-0 на гостувањето кај неговиот поранешен клуб . На 18 февруари 2018, Бернардески се здобил со повреда на левото колено во дербито против (завршило 1-0 за Јувентус) поради која морал да пропушти два месеци од сезоната. Своето враќање на теренот го направил на 18 април 2018, точно два месеци откако последен пат играл, влегувајќи од клупата за резерви во финишот од натпреварот против што завршил 1-1.La Juve ritrova Bernardeschi dopo due mesi На 9 мај 2018 година го освоил својот прв трофеј во кариерата, Купот на Италија, по победата со 4-0 над во финалето играно во Рим; четири дена подоцна, во истиот град, ремито 0-0 против му овозможува да се пофали со своето прво скудето во кариерата.