Синагога на битолчаните (, ) — синагога во Солун, Егејска Македонија, храм на некогашната голема и значајна еврејска заедница во градот.
Историја Храмот е изграден во 1927 г. од Евреите од Битола и осветен од главниот рабин на Солун, Хаим Рафаил Хабиб.
За време на Втората светска војна, синагогата е спасена бидејќи му е доделна на користење на Црвениот крст. Во јуни 1978 г. објектот настрадал во земјотрес со големи оштетувања. Подоцна е обновена од државата, но во неа се богослужи само за големите празници, а редовните служби се одвиваат во новата синагога на ул. „Цимики“, каде воедно се наоѓаат рабинатот и Еврејскиот музеј.
Поврзано Солунски Евреи Македонски Евреи Лададика
Битолчаните Категорија:Згради и градби во Солун Категорија:Македонски Евреи Категорија:Историја на Евреите во Македонија Категорија:Историја на Евреите во Грција Категорија:Македонско-грчки односи Категорија:Ар деко архитектура во Грција