Артемизинин и неговите полусинтетски деривати — група на лекови кои покажуваат најбрзо дејство против предизвикувачот на маларија српен плазмодиум (Plasmodium falciparum). Бил откриен од страна на Ту Јоујоу, која за своето откритие ја добила Нобеловата награда за медицина во 2015 година. Артемизининот е одвоен од едногодишниот пелин (Artemisia annua), кое се користи во кинеската традиционална медицина.

Категорија:Противмалариски лекови Категорија:Органски пероксиди Категорија:Кислородни хетероциклични соединенија Категорија:Кинески пронајдоци Категорија:Хетероциклични соединенија со четири прстени