Градево — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 177 жители (2024).

Географија и местоположба мини|Патот Симитли-Мехомија низ селото|левоСелото се наоѓа во планинско подрачје, во седлото Предел, на надморска височина од 470 м. Низ селото тече Градевска Река. Градево има разбиен тип и се дели на повеќе маала - некои од маалата се Баба Цвета, Марево, Срандашка, Реката и др. Историја Градево настанало како село со колиби. Се споменува во турските документи од 1576 г. Во 19 век овде се одгледувале кози, овци, овес, пченка, јачмен и компир.

Во 1891 година во селото имало 280 домаќинства, две цркви и едно црковно училиште.

Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Градево изнесувало 1650 жители Македонци, сите христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.

На 13 и 14 јули, 1925 година, од страна на четници на ВМРО (Автономистичка), а по наредба на Иван Ванчо Михајлов, бил извршен масакр врз македонското население.

Во текот на учебната 1926-1927 година, во Градево функционирала гимназија со една паралелка, во која учеле 28 ученици (25 момчиња и 3 девојчиња), а предавал еден самостоен наставник.

Демографија На табелата е прикажан бројот на населението во Градево за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население2564244921131137724405293278181

Етнички состав Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година: националностброј%Бугари17998,90Роми - -Турци - -други - -не се самоопределиле - -не одговориле21,10Вкупно181100 Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Културни и природни знаменитости

Црквата „Св. Илија“ е објект од национално значење. Изградена во 1847 година во маалото Реката. Станува збор за камена, трикорабна псевдобазилика со предворие и балкон. Во 2011 година била извршена голема реновација и замена на покривот. Црквата „Св. Никола“ била изградена во 1861 година во Овнарската маала. Параклисот „Св. 40 Маченици“ бил осветен во август 2016 година.

Личности Родени во Градево Ангел Иванов Кацарски, македонски револуционер. Ангел Мазнеов (1863 – 1902), македонски револуционер. Апостол Данчов (1876 - по 1943), македонски револуционер. Јордан Биров, македонски револуционер. Јордан Цицков (1865 – 1925), македонски револуционер. Мирчо Јуруков (1907 – 1963), македонски револуционер, публицист и историчар. Никола Младенов (1879/1880 –?), македонски револуционер. Петар (Кара Петар), војвода на ВМОРО. Спас Димитров (1877 - по 1918), македонски револуционер. Тодор Иванов Кацарски (1871 – ?), македонски револуционер, уапсен и мачен во врска со киднапирањето на Мис Стон, војвода на една чета за време на Горноџумајското востание во 1902 година. Александар Попаврамов Младенов (19. IV 1892 - ?), македонски револуционер, член на михајловистичкото крило на ВМРО. Христо Градевец, македонски револуционер.

Поврзано Градевска Река Масакр кај Градево

Наводи

Категорија:Општина Симитли Категорија:Села во Пиринска Македонија